Силвија Нојбауер е новата директорка за продажба на BMW M GmbH

Експертката за раководење со марки и заљубеничка во брзи автомобили, Силвија Нојбауер, од 1-ви октомври ја презема функцијата на директорка за клиенти, за марка и за продажба на BMW M GmbH. Претходникот Тимо Реш заминува од компанијата на сопствено барање, по неполни две години на оваа функција.

Силвија Нојбауер од почетокот на октомври ќе ја преземе функцијата на директорка за клиенти, за марката и за продажбата на BMW M GmbH. Таа досега работеше на стратегијата за понудата од модели на BMW Group, како и на истражување на пазарот и на анализа на конкуренцијата за сите марки во групацијата. Нојбауер доаѓа на местото на Тимо Реш, кој функцијата ја вршеше од јануари 2022 година и на сопствено барање ќе замине од компанијата.

Претседателот на раководството на BMW M GmbH, Францискус ван Мел, има добри зборови за службата на Реш и наведува дека M GmbH во 2022 година имаше продадено повеќе од 177.000 возила, што е нов рекорд. Според досегашниот тек од продажбата, и годинава може да биде рекордна.

Новата директорка за продажба: „Се радувам што сега ќе можам мојата страст за возилата на BMW M да ја поврзам уште посилно со мојата професија и за тоа што ќе можам да се заложам за надминување на предизвиците што ни претстојат во овие неизвесни времиња“.

Главните предизвици за Нојбауер ќе бидат да се продолжи патот на M GmbH во насока на електромобилноста и на пазарот да се нудат модели со високи и со спортски перформанси со електрифицирана погонска спрега.

Остатоците од кафето што се служи во фабриката на BMW во Регенсбург се користат како суровина за постројката за биогас

Дами сé почесто се назначуваат на раководни места во автомобилската бранша. Со Peugeot успешно предводи Британката Линда Џексон, прва дама на Mercedes-Benz Trucks е Швеѓанката Карин Радстром, како неколку примери од браншата. Маркетингот веќе одамна е специјалност на дамите, и секако дека тоа „правило“ се почитува и во македонскиот BMW, каде што главниот збор за маркетингот ѝ припаѓа на Билјана Колемишевска.

Претходна објаваFiat 600 не само во електрична изведба, туку и како хибрид
Следна објаваБио место фосил: DHL вози за Формула 1 со емисија намалена за 83 проценти

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here