На површина од 27.000 метри квадратни, во Токио се гради арена на седум катови, со место за 10.000 посетители. Tоyota долги години се залага за спортот и именувањето на објектот во центарот на Токио во Тојота Арена Токио е круна за сите досегашни активности на производителот на автомобили во поддршка на спортот.
Во срцето на јапонската претолнина се гради новата Тојота Арена Токио. Повеќенаменскиот објект за спортски натпревари и јавни собири е сместен во Одаиба, населба во токискиот залив. Се очекува изградбата да заврши наесен во 2025 година.
Автомобилската корпорација Toyota е инвеститор, и заедно со Toyota Fudosan (трговија со недвижнини) и со корпорацијата Toyota Alvark Tokyo Corporation ги обезбеди правата за името.
Арената се наоѓа на градежен плац со површина од околу 27.000 метри квадратни. На шест надземни катови и еден подземен кат, има место за 10.000 посетители.
Под мотото „Заеднички да ги откриваме потенцијалите“, новата арена е замислена како место на коешто во соработка со сите партнери ќе може да се изведува најширок спектар на активности, посебно од подрачјата на спортот, мобилноста и одржливоста.
Преку изградбата и именувањето на објектот, Toyota ќе ја искаже својата благодарност за спортот и за атлетите, коишто редовно ги надминуваат границите и на тој начин на општеството му даваат храброст и енергија. Потенцијалот на проектот, од Токио ќе се прошири на цела Јапонија и низ светот.
【2025年秋開業】お台場の新アリーナの名称が「TOYOTA ARENA TOKYO」に決定https://t.co/3zjG2vsgZZ
トヨタがネーミングライツを取得。東京から世界に向けて可能性を広げていきたいという思いなどが込められている。収容人数はおよそ1万人。アルバルク東京がホームアリーナとして使用する。 pic.twitter.com/k9oEC8f3qt
— ライブドアニュース (@livedoornews) September 11, 2023
Во комуникацијата со јавноста ќе се користи лого на арената, коешто е спој на силуетата (овалот) на главната арена и на детал од фасадата. Со овој дизајн се укажува на многубројните можности што арената ќе ги нуди во иднина.
















