Lancia ќе отвори 20 дилерства во Франција како дел од новиот старт

Lancia PU RA HPE

Премиум марката на концернот Stellantis се подготвува за стартот за новата Lancia Ypsilon во втората половина од 2024 година, Франција е еден од клучните пазари.

Lancia планира во текот на следната година да отвори 20 нови дилерски салони во Франција. Со статус на премиум марка на концернот Stellantis, покрај Alfa Romeo, Lancia од следната година се враќа на поширокиот европски пазар и за старт ќе ја пушти новата генерација на отмениот градски модел Ypsilon. Тековниот модел се продава само во Италија и таму е бестселер.

Во изминатите неколку години, Lancia произведуваше и продaваше само еден модел, тековната Ypsilon, само во Италија. Извршниот директор на концернот Stellantis, Португалецот Карлос Тавареш, ја постави Lancia во групата премиум марки, заедно со Alfa Romeo и DS. Концернот ќе инвестира во три нови модели на Lancia.

Франција е меѓу неколкуте европски држави кон коишто цели Lancia, покрај Италија. Останатите клучни пазари се Белгија и Луксембург, Франција, Германија, Италија и Шпанија. Овие земји се избрани како цели во планот за проширување на пазарот на Lancia, затоа што во нив е повисок уделот на возила што се продаваат онлајн и тоа се воедно пазари во коишто има солидна прифатност на престижните градски автомобили. Секако дека влијае и тоа што менаџерите во овие земји гледаат „passion for Made in Italy.“

Извршниот директор на Lancia, Лука Наполитано, на настанот што неделава се одржа во Италијанската Амбасада во Париз, напомена дека Франција е клучен пазар, главно поради тоа што малечките автомобили се популарни во земјата.

Џоел Верани, директор за премиум марките на Stellantis за францускиот пазар, кажа дека во земјата ќе постојат 20 дилерски салони и 80 сервисни работилници, кога во втората половина од 2024 година ќе почне продажбата на Ypsilon.

Lancia_Ypsilon_19
Тековната генерација на Lancia Ypsilon

Градскиот премиум модел Ypsilon ќе дебитира во изведба со батериски електричен погон, но ќе се произведува и во изведби со мотор со внатрешно согорување.

До завршетокот на првата половина од следната година, Lancia ќе отвори 70 нови дилерства во евроспките градови, кажуваат од Stellantis. Lancia очекува половина од продажбата да биде постигната преку онлајн.

Исто како останатите марки на Stellantis, италијанската премиум марка преоѓа на „агенциски“ модел на директна продажба. Дилерите ќе обезбедуваат сервисирање, пробни возења и испорака, додека самите возила се во сопственост на производителот, којшто воедно ги покрива трошоците за продажба и маркетинг.

Lancia планира да лансира три нови модели, по еден на секои две години. Прв е Ypsilon, како дел од 10-годишниот стратешки план. По Ypsilon, следните модели ќе бидат исклучиво батериски електрични автомобили.

Alfa Romeo Tonale во нашиот онлајн-каталог со сите нови автомобили на македонскиот пазар АВТОСАЛОН.МК · Технички податоци, опременост, цени, можност за споредба на повеќе модели

https://avtosalon.mk/listings/alfa-romeo-tonale-1-6-multijet-tct6-130-super/

Во 2026 година ќе се појави компактен кросовер како знаменосец на марката, а две години подоцна ќе следи и компактна комбилимузина, веројатно со името Delta. Двата модели ќе бидат електрични. Со овие три модели ќе се покриваат 50 проценти од пазарот, кажуваат од Lancia.

Една од ретките во сегментот на градските автомобили, дотолку послатка Fiat Panda Hybrid Red во Аутомобиле СК

Претходна објаваCupra се подготвува за американскиот пазар
Следна објаваFiat Panda Hybrid Red: Италијанска големина на автомобил

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here