Извршниот директор на Cupra, Вејн Грифитс, има и други планови, откако марката со некогашната моделска ознака за најсилните модели на Seat, ја прикажа на салонот во Минхен како марка специјализирана за моќ и брзина. Следно е марката Cupra да почне да се продава на пазарот во САД.
Визијата на шефот на Cupra, Вејн Грифитс, досега преку океанот. Британецот планира својата марка, што во концернот Volkswagen се цени како најдобро профилирана марка, да почне да ја продава од другата страна на Атлантикот. За време на одржувањето на салонот ИАА Мобилити во Минхен, Грифитс откри до каде има напредувано со своите планови, за марката Cupra да се продава во САД.
Шефот кажува јасно : „Тоа ќе биде тешка одлука за нас. Ако сакаш да одиш во САД и не си подготвен добро, ќе добиеш клоца.“ Во своите први пет години, Cupra продаде 400.000 автомобили. Притоа постојано се зголемуваше пазарниот удел, додека паралелно се подготвува целосно преоѓање на понуда од батериски електрични возила. „Докажавме дека Cupra повеќе не е експеримент.“
Новиот експеримент треба да се изведе од другата страна на Атлантикот. Предизвикот е во тоа што батериските електрични модели на Cupra мора да се произведуваат локално, за да се исполнат условите за добивање на субвенцијата, во рамките на фамозниот Акт за намалување на инфлацијата.
Cupra воопшто не планира да продава модели со мотор со внатрешно согорување во САД. „Потребна ни е фабрика во тој регион. Во моментов испитуваме која фабрика би можело да биде тоа.“
Во предвид доаѓа фабриката на Audi во Мексико, којашто благодарение на спогодбата за слободна трговија со САД, исто така ги исполнува барањата за субвенциите од Актот за намалување на инфлацијата. Друга можност е големата фабрика на Volkswagen во Чатануга, Тенеси. Во моментов уште не е донесена одлука.
Капацитет за производство на Cupra во иднина би можело да се обезбеди и во планираната нова фабрика на Audi во САД, чијашто изградба ја поттикна уште поранешниот шеф на баварската марка, Маркус Дусман. За тоа сега ќе решава новиот шеф на Audi, Гернот Делнер.
If you’re in Munich 📍 come get your CUPRA pretzel 🥨 at our @IAAmobility stand. Don’t forget to share and tag us to get featured! 🤩 #IAACUPRA23 #DarkRebel pic.twitter.com/6O21zfZpk7
— CUPRA (@CUPRA) September 6, 2023
Откако ќе се организира производството, Cupra во почетокот би се продавала само на неколку помали пазар во САД. Во предвид доаѓаат прогресивните региони, како што е Калифорнија, или големите метрополи на источниот брег. Cupra во почетокот ќе соработува со дилерите на Volkswagen.
Откако во понудата на Cupra се појави електричната комбилимузина Born, конструирана врз платформата MEB на Volkswagen, моделите на шпанската марка се продаваат според т.н. агенциски модел. Овој начон на продажба се планира и за САД.
Грифитс сепак не открива кога точно се планира да отпочне продажбата од другата страна на Атлантикот, и низ смеа додава: „Кога ќе заработиме доволно пари за тоа…“
Тестот на електричниот Volkswagen ID.4 во Аутомедиа
















