Неколку големи моделски имиња во продажбата на нови автомобили на македонскиот пазар, во јули си ги сменија местата со други модели од своите марки. Тоа се вешти потези на менаџментот на марките, со коишто се компензираат состојбите во производството и дистрибуцијата на возила.
Насловот на најпродавана марка и најпродаван модел на македонскиот пазар во јули одат кај чешката марка на Volkswagen Group. Со 23 продадени примероци, Škoda Scala е најпродаван модел, додека марката со вкупно 62 продадени автомобили води пред матичната марка на концернот, Volkswagen, којашто заостанува со само два автомобили.
Трета најпродавана марка во јули е Toyota, со 43 патнички автомобили. Со вкупно 158 продадени примероци од Corolla во првите седум месеци од годината, Toyota сепак го има бестселерот меѓу моделите.
Големи скокови и падови се случија во жешкиот летен месец. Škoda Scala се најде на врвот, додека вкупно од почетокот на годината е шеста на ранг листата, со 107 возила, заедно со Citroen C3.
Toyota Corolla ја задржува постојаноста и во јули беше втор најпродаван автомобил на македонскиот пазар, со 19 примероци. Постојаноста се огледува во резултатот за седумте месеци: Со 158 возила, Corolla е најпродаван модел.

Пријатна глетка е VW Golf на третото место, со 18 продадени примероци. Во статистиката јануари-јули, „класикот“ на сцената сепак не фигурира меѓу најпродаваните модели. Честа на марката ја одбрани Polo, којшто го задржува залетот, исто така со 18 примероци во јули, но и 133 примероци до јули, што му носи наслов на втор најпродаван модел годинава.
Најпродавани марки патнички автомобили во јули 2023
Škoda: 62 возила
Volkswagen: 60 возила
Toyota: 43 возила
Kia: 40 возила
Hyundai: 33 возила
Според статистиката, во јули биле продадени 50 доставни возила. Mercedes-Benz покри повеќе од една петина од пазарот, со 11 испорачани возила во летниот месец

Големата раздвиженост што на француската марка ѝ ја донесе лимо-кросоверот Citroen C4 X, почна да ги покажува резултатите. Четворката на Citroen е петти најпродаван модел во јули. Како што кажува Николче Николовски, бренд-менаџер за француската марка во Автонова, „возилата се нарачани уште пред неколку месеци и сега доаѓаат испораките“, додавајќи и дека во следните месеци ќе следи уште поголема динамика во испораката на моделот. Во статистиката влегува и комбилимузинската изведба C4. Вториот силен модел на Citroen во продажбата на македонскиот пазар е C3, којшто е еден од моделите со најдобра противвредност и до замената со новата генерација, доцна в година, се очекува да постигне мошне високи продажби.
Добро менаџираните марки на македонскиот пазар не се потпираат на само еден модел во Топ 10 и одличен пример за тоа дава и Kia. Откако Rio и Stonic во претходните месеци се вмешуваа неколкупати меѓу најпродаваните модели на македонскиот пазар – покрај Kia Sportage – сега компактот Ceed се појавува на петтото место. Овој пласман, пак, се должи на добрата продажба на сите каросериски изведби во семејството на моделот. Во јули, од салонот на Kia излегуваа и престижниот кросовер XCeed, и спортскиот GT со 204 КС, па и комбито Sportswagon. Токму комбито е големото изненадување, но и резулат од сработеното. „Купувачите почнаа да ги гледаат предностите на комби-каросеријата“, кажува Цветан Андонов, бренд-менаџер на Kia.
Најпродавани модели на македонскиот пазар во јули 2023
(неофицијални податоци, не се вклучени сите марки)
Поз. |
Марка и модел |
Јули ’23 |
| 1 | Skoda Scala | 23 |
| 2 | Toyota Corolla | 19 |
| 3 | VW Golf | 18 |
| 3 | VW Polo | 18 |
| 5 | Citroen C4 | 15 |
| 5 | Kia Ceed | 15 |
| 5 | Skoda Kamiq | 15 |
| 8 | Kia Sportage | 14 |
| 9 | VW T-Roc | 13 |
| 9 | MG ZS | 13 |
| 11 | Citroen C3 | 12 |
| 12 | Renault Clio | 10 |
| 13 | Hyundai Tucson | 5 |
| 13 | Skoda Fabia | 5 |
„Вториот“ модел на Kia во јулскиот Топ 10 е Sportage, кому му припадна осмото место во јули. За СУВ-евергринот на корејската марка, кого што на европскиот пазар го сервира технолошки супериорната фабрика во словачка Жилина – пред неколку години македонски новинари ја посетија фабриката – единственото прашање е дали годината ќе ја заврши на првото или на второто место. Sportage засега е трет најпродаван модел, со 128 возила.
Нов модел на македонскиот пазар, Haval Dargo · Технички податоци, опременост, цени, сите нови автомобили на македонскиот пазар во нашиот онлајн-каталог АВТОСАЛОН.МК
https://avtosalon.mk/listings/haval-dargo-2-0-gdit-7dct/
Од такси-СУВ моделот MG ZS се испорачани уште 13 примероци во јули.
Трет модел на Volkswagen во Топ 10 е воедно европскиот шампион, кросоверот T-Roc. Вкупно 13 примероци.
Најпродавани модели во првите седум месеци од 2023
| ToyotaCorolla | 158 |
| VW Polo | 133 |
| KiaSportage | 128 |
| RenaultClio | 127 |
| SkodaKamiq | 108 |
| SkodaScala | 107 |
| CitroenC3 | 107 |
| MG ZS | 82 |
| HyundaiTucson | 78 |
| SkodaFabia | 62 |
View this post on Instagram
Листата на најпродавани модели ја дополнуваат Renault Clio, Hyundai Tucson и Skoda Fabia. Неколку марки сепак недостигаат во неофицијаланта статистика, иако постигнуваат високи продажби, што важи особено за Opel, Peugeot и Suzuki.
Во споредба со лани, пазарот до јули брои 3.218 возила, што претставува раст од 4,1 проценти.
















