Европскиот автомобилски пазар продолжил да закрепнува во јули

Продажбата на автомобили во Европската Унија во јули продолжи да закрепнува, откако лани во истиот месец беше забележан голем пад.

Во јули во Унијата биле регистрирани 851.156 нови патнички автомобили, што е за 15,2 проценти повеќе од лани. Во споредба со првите шест месеци, јули сепак донесе послабо зголемување на продажбата. Од јануари до јули, во ЕУ беа регистрирани за 17,6 проценти возила повеќе од истиот период лани, односно вкупно 6,3 милиони патнички возила.

Споредено со првото полугодие во 2019 година, пред почетокот на корона-кризата, пазарот сепак заостанува 22 проценти. Во 2022 година, проблемот со којшто најмногу се соочуваа производителите на автомобили беше кусокот од микрочипови и останати компоненти.

Откако во јуни првпат беа регистрирани повеќе електрични автомобили отколку дизели, овие повторно постигнаа напредок во јули и го зголемија својот пазарен удел за половина процентен бод, на 14,1 проценти.

Побарувачката за електрични автомобили напредува одлично. Во споредба со јули 2022 година, бројот на новорегистрирани батериски електрични автомобили се зголемил за 60,6 проценти, на вкупно 115.971 возила.

Удел во продажба по видови гориво, односно вид на погон

На повеќето од пазарите во ЕУ, продажбата на патнички автомобили во јули постигнала двоцифрено зголемување. Најголем напредок има постигнато Шпанија, со раст од 21,9 проценти во продажбата, следи Италија со 20,9 проценти. Пазарот во Франција и Германија се зголемил за 15,8 односно 13,6 проценти соодветно.

Еден од новитетите во нашиот онлајн-каталог за сите нови автомобили на македонскиот пазар, АВТОСАЛОН.МК

Mercedes-Benz GLC Coupe 200 4Matic

Претходна објаваKia собра 55 тони пластика од океаните, рекорд
Следна објаваПоплавите во Словенија причина за прекин во фабриката на Volkswagen во Португалија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here