Фабриката на Volkswagen во Португалија планира во период од неколку седмици да го прекине производството. Причина за прекинот се поплавите во Словенија, коишто силно погодија еден од добавувачите на компоненти за мотори.
Околу 5.000 работници во фабриката на Volkswagen во Палмела, во близина на Лисабон, денес добија соопштение дека во следните неколку седмици ќе бидат на принуден одмор.
Планирано е производството да биде прекинато во првата половина од септември и тоа ќе трае неколку седмици. Според соопштението од Volkswagen, концернот работи „заеднички со останатите добавувачи, да се најдат заменски решенија и во колку е можно покус рок да се врати вообичаената продукција во погодените фабрики“. Volkswagen испрати помош до својот добавувач во Словенија, за продукцијата таму да продолжи колку е можно побрзо.
Autoeuropa е посестринска компанија на Volkswagen и според сопствените наводи е најголема странска инвестиција во индустријата во Поргугалија. Во 2021 година, Autoeuropa учествувала со 1,5 проценти во економијата и со 4 проценти во извозот од Португалија.
Во Палмела од 2017 година се произведува СУВ-моделот T-Roc, еден од најпродаваните модели на целиот европски пазар.
















