за

Британска гасна компанија купи 100 електрични возила од Nissan

Компанијата British Gas се обврза 10 проценти од својот возен парк од 13.000 сервисни возила да го преориентира на погон на струја до 2017 година. За почеток се нарачани 100 примероци од ванот Nissan e-NV200.

По шестмесечниот период на тестирање, вклучувајќи и возење на зимски температури, енергетскиот гигант British Gas потпиша договор со Nissan за испорака на 100 примероци од електричниот ван e-NV200. Британскиот дистрибутер на гас и електрична енергија ќе префрли 10 проценти од својот возен парк кој моментно се состои од 13.000 возила, на возила со погон на струја.

Ова е досега најголемо тестирање на доставни возила со погон на струја во Британија, во кое што учествуваа 28 возила Nissan e-NV200, минувајќи преку 100.000 километри во секојдневната работна шема на British Gas. На некои од возачите што ги добија електричните ванови на шестмесечно тестирање им беше тешко да се разделат од нив. Пол Кид, инженер во компанијата, раскажува: „Понекогаш возам со часови од еден до друг клиент, но Nissan e-NV200 значително ми ја олесни работата. Возилото се движи меко, без стресови и навистина бев разочаран кога морав да го вратам. Апсолутно би го препорачал ванот за сите други инженери, особено покрај напредувањето на технологијата и поставувањето повеќе станици за полнење. Ова дефинитивно е иднината.“

Редовната продажба на Nissan e-NV200во Британија ќе стартува во јуни. Станува збор за револуционерен компактен ван со нулта емисија на штетни материи, којшто гарантира значителна заштеда во оперативните трошоци и ја поштедува животната средина од емисија на СО2.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Концернот Volkswagen даде зелено светло за автомобилот од 5.000 евра

Нова понуда за популарниот модел: Спортски пакет за Mazda3