Виетнамски Vinfast по стартот на берзата вреди повеќе од Ford и GM

Инвеститорите го ценат виетнамскиот производител на електрични автомобили Vinfast. По дебито на американската берза NASDAQ, компанијата вреди повеќе од многу поголемите и веќе одамна етаблирани производители General Motors и Ford.

По стартот на берзата, преку таканаречен SPACS, односно компанија којашто веќе е нотирана на берзата, вредноста на акција во Vinfast се зголеми на 37 долари. Според тоа, компанијата вреди 85 милијарди долари. За споредба: Инвеститорите моментно го ценат Ford на вредност од 48 милијарди долари, додека General Motors вреди 46 милијарди долари.

Vinfast стартуваше на берзата со релативно мал удел од акциите. Најголемиот дел од акциите остануваат во сопственост на Фам Нат Вуон, најбогатиот човек во Виетнам. Кај стартап компаниите досега честопати се случуваше да бидат големи очекувањата при берзанскиот старт. Но, подоцна се покажуваше дека се очекувало премногу.

Вредноста на акциите во Vinfast во понатамошното тргување се намали за повеќе од 12 проценти. Конкурентот и производител на електрични возила Rivian, на берзата во одредени периоди вредеше 150 милијарди долари. Во моментов, вредноста одвај достигнува 20 милијарди долари.

Вредноста на акциите на електро-пионерот Tesla, којшто им служи како пример на сите стартап-компании со електрични автомобили, честопати варираше силно низ годините.

Виетнамскиот производител стартуваше со големи амбиции, но во моментов се соочува со големи проблеми. Одложен е почетокот на продажбата на повеќе моделски серии, потоа продажбата и проширувањето на мрежата во САД и во дел од Европа напредува пребавно, а повеќе не се спомнува фабриката што требаше да се гради во Германија. Но, уште има шанси за Виетнамците, затоа што и други производители во почетокот наидувале на проблеми, за потоа да почнат да работат успешно.

Еден посебен тест како дел од проектот „3000 километри со електрична Toyota bZ4X низ Македонија“

Претходна објаваMercedes има нов GT, наскоро премиерата во Калифорнија
Следна објаваНекогаш фејслифт, денес луксузно воздигнување: Mercedes GLE во Мак Аутостар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here