Франција ќе потроши 1,5 милијарда евра за развој на нов вид батерии

Тајванскиот добавувач ProLogium има склучено договор за развој на батерии со цврст електролит со Automotive Cells Co., којшто е заедничка инвестиција на Mercedes, Stellantis и TotalEnergies.

Европската Комисија соопшти дека издала одобрение, за Франција со државни пари во висина од 1,5 милијарда евра да им даде поддршка на ProLogium Technologies, за истражување и развој на нова генерација батерии за електрични возила.

Во соопштението се наведува дека на тој начин се помага постигнувањето на стратешките цели на Европскиот Зелен Пакт и на стратегијата за батерии на ЕУ.

Истражувањето ќе биде насочено кон батерии со цврст електролит за електрични автомобили. Со оваа технологија се кориси цврст место течен електролит, за да се добијат  батерии што имаат повисока енергетска густина и побезбедни се за потрошувачите, од обичните литиум-јон батерии.

ProLogium, основана во 2006, е меѓу малкуте компании што развиваат напредна батериска технологија со цврст електролит. Таа има потпишано договор за развој на батерии со цврст електролит со Automotive Cells Co., којшто е заеднички проект на Mercedes-Benz, Stellantis и TotalEnergies.

Со директниот грант во висина од 1,5 милијарда евра ќе се покријат трошоците за истражување и развој до завршетокот на 2029 година.

ProLogium ќе гради гигафабрика за батерии во северниот дел на Франција, во близина на пристаништето Данкерк.

 

Претходна објаваОвие нови модели ги планира концернот Stellantis до 2026 година
Следна објаваДиректорот за финансии на Tesla си замина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here