Оскаровката Натали Портман ќе зборува пред поканетите гости и стручни лица од областа на автомобилизмот и пошироко од сите сфери на мобилноста, во делот на конференциската програма во рамките на ИАА Мобилити, којшто е наследник на салонот ИАА во Франкфурт
Додатокот „мобилити“ во името на настанот што го наследи некогашниот мошне влијателен салон во Франкфурт, укажува дека ИАА Мобилити во Минхен излегува пошироко од рамките на автомобилската сцена и ги опфаќа сите теми околу мобилноста.
Токму за таа цел, за пошироката сцена да стане свесна дека ИАА Мобилити не е салон за автомобили, туку општо е саем наменет за сите форми на мобилност и за сите придружни теми, организаторите ја поканија светската ѕвезда, актерката Натали Портман, да говори во делот на конференциската програма на салонот.
Портман ќе зборува на конференијата што се одржува на 5-ти септември, како главна говорничка на тема одржлива мобилност. Големата вест денес ја соопшти Здружението на германски производители на автомобили, организатор на саемот.
Оттаму напоменуваат дека на ИАА нема да се дискутира на тема мобилност само од страна на високи функционери од светот на политиката и од економијата, туку намерата е саемот да ѝ се обрати на пошироката јавност.
„Да се направи мобилноста да стане достапна за сите“
Натали Портман веќе подолго време се посветува на општествено политички теми, како социјална нееднаквост и сиромаштија, како и на веганство и на заштита на климата. Одржливоста исто така е тема на којашто оскаровката ѝ посветува внимание. Актерката ќе зборува на салонот, како ѝ успева да патува ширум светот, и притоа да ги испочитува своите залагања.
View this post on Instagram
За својот настап на ИАА Мобилити, Порман најавува: „За да успее пресвртницата во насока на одржлива мобилност, мора одржливите решенија за мобилност да станат пристапни и достапни за секој“.
Претседателката на здружението на германски производители на автомобили, Хилдегард Милер, кажува за ангажманот на американската ѕвезда: „Натали Портман е автентична личност, којашто освен на својата интернационална филмска кариера, со години успешно се залага за теми од општествено политичките теми. Се радувам за нејзината посета.“
Залагање за веганство и права на животните
Портман има 42 години и има остварено улоги во „Професионалец“, „Heat und „Star Wars“. За главната улога во „Црниот лебед“, таа во 2011 година освои Оскар. Натали Портман има завршено студии по психологија на универзитетот Харвард.
Актерката во САД ја подржува Демократската Партија и се ангажира за правата на животните и за веганство. Во 2018 година, таа ја продуцираше документарната верзија на филмот „Јадење животни“. На нејзината свадба во 2018 година, беше послужена исклучиво веганска храна.
Американско-израелската актерка одби да присуствува на доделување награда во Израел во 2018 година, затоа што стравуваше дека може да биде политички искористена од тогашниот и денешен премиер Бенјамин Нетанјаху.
















