за

Кинески BYD ги претрка Volkswagen и Tesla на пазарот на е-возила во Шведска

Шведска дава одличен пример за тоа што BYD има намера да го направи во цела Европа. Кинезите во јули продадоа во земјата повеќе електрични автомобили отколку големиот Volkswagen и пионерската Tesla.

БИД продава неколку електрични модели на европскиот пазар, меѓу кои Ато 3.

Марката BYD веќе одамна е големо име во домашната Кина, а пазарот во Европа уште им е во зачеток. Но, компанијата има големи планови. Нема двоумење ниту околу најголемиот и најважен пазар во Европа, Германија, каде што BYD цели на 10 проценти на пазарот на батериски електрични автомобили.

Директорите на BYD уште одамна најавија дека планираат својата марка да ја видат меѓу првите 5 на европскиот пазар. Шведскиот пазар во јули докажа дека Кинезите не се шегуваат.

BYD првпат се најде на 1-то место во една европска држава, според продажбата на електрични автомобили. Кросоверот Atto 3 во јули се испорача во 721 примероци во Шведска. Тоа е повеќе од кој било друг батериски електричен автомобил во минатиот месец.

Volkswagen ID.4 следи веднаш на 2-то место, со мал заостаток од 11 возила. Трет е BMW i4 со 385 испорачани возила, потоа следат Skoda Enyaq (370) и Tesla Model Y (359). Во скандинавската автомобилска држава (како традиционален производител на автомобили) во јули биле продадени 6.487 чисто елеткрични автомобили.

Силен раст во продажбата на електрични автомобили во Шведска

Дури и кога ќе се погледне распоредот на силите на пазарот што вкупно регистрираше 17.300 возила со секаков вид на погон во јули, BYD пак се држи добро. Со продадени 721 возила, Atto 3 е втор најпродаван модел. Прв е Volvo XC60 со 807 примероци.

Во првите седум месеци од 2023, сепак предводи Tesla Model Y, со продадени 8.901 возила. BYD вложува во проширувањето на извозот. Во јули, кинескиот производител извезе повеќе од 18.000 возила од земјата, што прави тоа да биде најуспешен месец за нивниот извоз.

Шведска не е единствената земја во којашто BYD им се приближува на конкурентите. Во првото полугодие од 2023 година, регистрирани се повеќе од 4 милиони чисто електрични возила од сите марки во Кина, Европа и САД. Прва е Tesla со 889.000 испорачани возила, што претставува раст од 57 проценти во споредба со лани. Втор е BYD со продадени 617.000 електрични возила, но марката расте уште побрзо од Tesla, со дури 90 проценти во плус. Тие штотуку стартуваат во Европа.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Fiat со електрична Panda за 25.000 € ќе ѝ парира на Dacia Spring

Натали Портман ќе зборува на саемот за мобилност ИАА во Минхен