Mercedes им ги продолжи договорите на топ-менаџерите до 2029 година

Околу успешноста на раководењето со концернот Mercedes-Benz нема двоумење, затоа продолжувањето на договорите за челниците во Штугарт беше само формална работа.

На последната одржана седница, надзорниот одбор на компанијата што е дел од германскиот акциски индекс DAX, им ги продолжи договорите на шефот на управниот одбор Ола Келениус и на шефот за развој Маркус Шефер.

Келениус (54) ќе ја обавува функцијата до 21-ви мај 2029 година. Шефер, кој е четири години постар, ќе продолжи да развива за концернот до 21-ви мај 2026 година. Двата договори требаше да истечат во мај 2024 година.

Компанијата го образложува покусото времетраење на важноста на договорот на Шефер со неговата возраст. Надзорниот одбор во минатата година реши да воведе пофлексибилно назначување на директорите. При возраст од 58 или 59 години на почетокот на функцијата, времетраењето на договорот не треба да надминува две години. По 60 години, договорите на директорите им важат најдолго по една година. Исто како и досега, можно е повеќепати да се продолжуваат договорите.

Бернд Пишетсридер, шефот на надорниот одбор, им оддаде признание на Келениус и Шефер за нивната досегашна работа. „Ола Келениус одлично го подготви Mercedes-Benz за иднината. Со јасната насока на компанијата во поглед на електрификацијата, дигитализацијата и профитабилниот раст, со најценетите патнички автомобили и ванови, тој ги докажа своите стратешки визии.“

За шефот на развој, тој кажа: „Маркус Шефер со својот тим придонесе во голема мера, за Mercedes-Benz, и преку врвна технологија да ја зацврсти својата лидерска позиција на пазарот.“ Двајцата менаџери уживаат висок углед и во компанијата и надвор од неа.

Новини има во раководењето со одделите. Шефицата за интегритет Рената Јунго Брунгер, дополнително во својот ресор, од 1-ви август ќе биде одговорна и за темата на одржливост на животната средина. Во описот на работните задачи на шефот за производство Јерг Бурцер, во иднина ќе биде вклучена и темата квалитет. На тој начин се нагласува важноста, возилата од марката да бидат беспрекорни.

Претходна објаваНови надежи за бродот полн со автомобили што гори во Северното Море
Следна објаваПочна влечењето на запалениот брод полн со автомобили до безбедно место

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here