Toyota ја зголеми продажбата за 5% во првото полугодие, расте побарувачката за хибридите

Toyota продаде за 5% повеќе возила во првото полугодие во споредба со истиот период лани. Заслугата за тоа се должи најмногу на надминувањето на тесното грло во снабдувањето со микрочипови, како и на зголемената побарувачка за моделите на Toyota во Јапонија.

Во периодот од јануари до јуни, компанијата испорача на светскиот пазар околу 4,9 милиони возила. Во продажбата се вклучени и возилата од луксузната марка Lexus. Во првото полугодие лани беа продадени 4,7 милиони возила.

Продажбата на Toyota на јапонскиот пазар порасна за 33 проценти, на вкупно 878.215 возила. На пазарот во САД има незначителен пад од 0,7 процент и над еден милион продадени возила. На азискиот континент имаше пад во продажбата од половина процент, со вкупно 1,5 милиони продадени возила.

Само во јуни беше постигнат раст во продажбата од 10 проценти, на вкупно 898.947 возила. Тоа се должи на зголемената побарувачка за автомобилите на Toyota, вклучувајќи ги сите видови на електрификација на погон, од хибриди до батериски електрични возила. Овој тренд важи за клучните пазари, како што се САД и Европа.

Кинескиот пазар во јуни првпат пријави пад во последните три месеци, со намалување од 13 проценти и продадени 174.548 возила. За шест месеци, падот во Кина изнесува 2,8 проценти. Повеќе производители се соочуваат со намалена продажба во Кина, каде што главно профитираат домашните производители.

[the_ad id=”73735″]

Од моделите со хибриден погон до јуни се продадени вкупно 292.131 возила, за 38% повеќе од лани. Близу едно од секои три продадени возила од Тојота Сити, вози со хибриден погон.

Во минатиот месец, Toyota на светскиот пазар испорача 10.191 батериски електрични возила, вклучувајќи ги и моделите на струја од Lexus. Околу 5.000 електрични возила се продадени во Кина. Вкупно од јануари до јуни, Toyota испорача на светскиот пазар 46.171 батериски електрични возила.

Претходна објаваVolkswagen постигна голем скок во продажбатa во Британија
Следна објаваАутомакедонија и Корандо трета година по ред поддржувачи на најголемиот културен настан во државата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here