Volkswagen постигна голем скок во продажбатa во Британија

Фолксваген Т-Рок според првичните резултати е на пат да стане најпродаван модел на европскиот автомобилски пазар во мај.

Volkswagen, неговата сестринска марка Audi, модели со хибриден и елеткричен погон, тоа се големите победници во првото полугодие на британскиот пазар, каде што продажбата порасна за 18 проценти.

Volkswagen е најпродавана марка во Обединетото Кралство во првото полугодие, откако ја зголеми продажбата за дури 42 проценти во споредба со лани. Најголема заслуга за тоа има кросоверот T-Roc, којшто својот пазар го зголеми за 196 проценти. На тоа се надоврза и традиционалниот СУВ-модел Tiguan, со раст од 65 проценти. Кај Golf, продажбата напредуваше шест проценти.

Премиум марката Audi следи веднаш на третото место, со раст од 27 проценти, веднаш зад Ford.

Најпродавани модели на Audi се компактот A3, чијшто пазар се зголеми за 64 проценти и се избори за 11-то место меѓу најпродаваните модели во земјата. Втор по продажба е градскиот модел A1, со раст од дури 337 проценти во споредба со лани.

Пазарот на модели со хибриден погон порасна за 21 процент, на 62.155 продадени возила во првото полугодие. За тој резултат имаат удел и моделите со приклучен хибриден погон на Land Rover. Теренскиот и благороднички специјалист го престигна BMW во продажбата на модели со приклучен хибриден погон во Кралството.

За шест месеци, Land Rover продаде 8.682 плагин-хибриди, што соодветствува на 14 проценти пазарен удел. Топ модел е верзијата со приклучен хибриден погон на Evoque, со 3.099 продадени примероци од јануари до јуни.

Најпродавани марки во Обединетото Кралство во првото полугодие

 
1 VW 79,621 42%
2 Ford 72,428 19%
3 Audi 68,120 27%
4 Kia 58,760 2.3%
5 Toyota 56,045 12%
6 BMW 52,275 −2.3%
7 Vauxhall 49,505 3.6%
8 Hyundai 46,351 13%
9 Nissan 45,309 45%
10 Mercedes 42,780 −6.6%

 

Претходна објаваДиректорот на Geely доби место во управниот одбор на Aston Martin
Следна објаваToyota ја зголеми продажбата за 5% во првото полугодие, расте побарувачката за хибридите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here