Директорот на Geely доби место во управниот одбор на Aston Martin

Aston Martin го назначи извршниот директор на Geely, Даниел Ли, за член на управниот одбор. Кинескиот производител на автомобили е трет најголем акционер во британската компанија.

Geely во мај инвестираше 234 милиони фунти во британскиот производител на автомобили, со што стекна право на едно место во управниот одбор.

Како дел од трансакцијата, Geely стекна 17 проценти удел во Aston Martin, купувајќи 42 милиони акции од конзорциумот Yew Tree на претседателот Лоренс Строл. Во исто време Кинезите ги купија и новите 28 милиони акции.

Geely лани во септември купи 7,6 проценти удел во Aston Martin.

Aston Martin се соочи со недостиг од готовина и во минатата година го донесе како акционер Фондот за јавни инвестиции на Саудиска Арабија. Претседателот Строл има план да оствари пресвртница во марката и да го префрли Aston Martin на целосна понуда од спортски автомобили со батериски електричен погон.

Аналитичарите уште од порано предупредуваа дека на Aston Martin му недостига доволна продукција на автомобили и дека има слаба ликвидност.

Конзорциумот Yew Tree на Лоренс Строл во моментов е најголем акционер во комапнијата, по што следи Фондот за јавни инвестиции на Саудиска Арабија.

Geely поседува повеќе звучни марки, вклучувајќи ја британската спортска марка Lotus, потоа Zeekr, Volvo Cars и Polestar.

 

Претходна објаваЗошто концернот Volkswagen најави две соработки со кинески производители
Следна објаваVolkswagen постигна голем скок во продажбатa во Британија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here