Како еден од главните спонзори на Охридско лето, Аутомакедонија и оваа година беа присутни во центарот на културните случувања и преку низа активности ја претставија нивната посветеност кон музиката и уметноста како важен сегмент од културното богатство на земјата.
Охридско Лето со години важи за настан кој привлекува уметници со високо реноме, а оваа година меѓу бројните домашни и светски уметници и изведувачи, свој настап имаше и светски познатиот холивудски глумец, режисер и продуцент Џон Малкович.
„Охрид, традиционално е центарот на културните случувања во Македонија. Ние како еден од главните спонзори на оваа спектакуларна културна манифестација земаме учество и ги поддржуваме организаторите и изведувачите. Оваа година покрај возилата кои им ги дадовме на располагање на организаторите, подготвивме и неколку промоции, награди и изненадувања за сите кои овој период од годината го поминуваат во прекрасниот Охрид.
Нашата мисија е да овозможиме најдобри вредности и автомобилски решенија, а оваа партнерска врска со Охридско лето е уште еден чекор во тоа насока. Очекувајте интересни активности, промотивни понуди и дружење со нашиот тим, додека уживате во музичките искуства на Охридско лето.“ – изјави маркетинг менаџерот на Аутомакедонија, Билјана Јанчевска.
Во средата на кејот на Охрид голем број на минувачи имаа можност да ги запознаат возилата на SsangYong – Korando, Musso и Rexton, да се забавуваат, играат наградни игри и да освојат награди. Главна атракција на сите настани беше новото 100% електрично Korando, кое се најде на големата сцена на Античкиот театар, покрај бината на која со години настапуваат бројни светски и домашни изведувачи.
Второ заедничко дружење и бројни изненадувања на 5-ти август
Посетителите покажаа голем интерес за активностите кои беа подготвени за нив, а за оние кои не беа во можност да ја посетат првата промоција на Аутомакедонија, од компанијата најавуваат уште едно заедничко дружење со голем број изненадувања на 5 август на кејот во Охрид, кај пристаништето.
View this post on Instagram
Од 12 јули до 20 август, Охрид е главна атракција за домашни и посетители од целиот свет, а Аутомакедонија, како општествено одговорна компанија која ја негува традицијата и домашното културно богатство, се гордее со фактот дека го поддржува Охридско лето придонесувајќи на неговиот успех кој се зголемува секоја година.
















