Зошто концернот Volkswagen најави две соработки со кинески производители

По најавувањето на спектакуларното партнерство со кинескиот призводител Xpeng и на потесната соработка меѓу премиум марката Audi и SAIC, шефот на концернот Volkswagen Оливер Блуме, објасни кои се стратешките цени на овие договори.

Во текот на телефонската конференција со новинарите и аналитичарите, Блуме нагласи дека планира возилата што ќе се развиваат заедно со Xpeng во иднина да се продаваат и надвор од Кина.

Блуме кажа: „Во нашата рамковна спогодба со Xpeng, постои можност да се направи и чекор надвор од Кина. Меѓутоа, прво сакаме да го етаблираме бизнисот во Кина, затоа што ни се отвора цела лепеза од можности за иднината.“

Volkswagen во соработка со Xpeng до 2026 година ќе развие два нови модели со електричен погон, од вишиот B-сегмент. За тие модели се планира да се користи и платформата од моделот G9 на Xpeng. Оливер Блуме: „Техничките детали ќе ги утврдиме во следните недели“.

Audi ќе користи платформа за електрични возила од SAIC, за да ја прошири својата понуда од модели на најважниот автомобилски пазар во светот.

Оливер Блуме: „Ние не сакаме и не можеме сé да направиме сами. Сé зависи од желбите на клиентите во различни региони ширум светот. Партнерството ни нуди одлична можност, да развиеме понуда од модели, што се скроени точно по мера за кинеските клиенти, од Кина за Кина. Директорот понатаму објасни: „Ние сакаме да ги исполниме белите површини на нашата географска карта со автомобили. За таа цел, ние ќе ги избереме нашите најдобри технологии и ќе ги споиме со вистинските платформи.“

Извршниот директор на концернот Volkswagen првпат објасни како сопствените електрични платформи PPE (наменети за Audi и Porsche) и SSP (наменети за сите марки од концернот) ќе се вклопат во стратегијата на концернот. Блуме: „Ние ја градиме нашата целна слика за Кина во 2030 година. Новите соработки се дел од таа стратегија. Сакаме да создадеме повеќе бизниси во Кина за Кина. За таа цел, баравме партнерства за на кинеските клиенти да можеме да им ги понудиме најдобрите решенија.“

Како пример, тој го спомна препознавањето на говорните команди, коешто е мошне барано во Кина: „Xpeng е водечки во светот во поглед на функциите на препознавање на говорните команди. Ние дефиниравме профили, како вистинските технолошки профили да ги понудиме во нашите идни продукти.“

Сопствените платформи нема да бидат погодени од промените, објаснува директорот: „Audi во 2024 година почнува со производство на PPE-возила за кинексиот пазар. SSP-платформата се планира првпат да биде применета кон завршетокот на 2026 година. Потоа ќе развиваме различни степени од оваа платформа до завршетокот на деценијата. Тенолошките профили се одредени, сега ни е задача да ги реализираме истите и да ги разработиме деталите за производите.“

Германскиот концерн во првото полугодие испорача 4,4 милиони возила ширум светот, што претставува раст од 13 проценти.

Претходна објаваТркачките изведби на Peugeot 208 произведени во 802 примероци
Следна објаваДиректорот на Geely доби место во управниот одбор на Aston Martin

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here