за

Тркачките изведби на Peugeot 208 произведени во 802 примероци

Peugeot Sport ја прославува продажбата на 802-то возило Peugeot 208 Rally (R2 и Rally4). Тоа е најпродаваниот тркачки автомобил на Peugeot Sport и референца меѓу рели автомобилите со погон на две тркала. Како изгледаше патот на тркачкиот 208 до овој меѓународен и единствен успех.

Peugeot 208 R2 беше првата моделска варијанта на Peugeot 208 „Rally“, лансирана во 2012 година. Овој достапен автомобил со погон на две тркала им овозможува на клиентите да се натпреваруваат на рели патеките со високо ниво на перформанси. Моделот брзо го најде своето место на пазарот, бидејќи Peugeot со децении е референца за рели.

Peugeot 208 R2, како и неговиот наследник 208 Rally4, се базирани на серискиот модел 208 кој е најпродаваниот автомобил во историјата на Peugeot Sport, иако и изведбата Rally4 забрзано ја зголемува продажбата!

208 Rally4 беше лансиран во 2018 година и заснован е на последниот сериски модел на Peugeot 208 кој ја отелотворува неговата естетска надворешност. 208 Rally4 се натпреварува низ целиот свет, главно во Европа, Латинска Америка и Блискиот Исток.

Според Mayeul Tyl, менаџер на Peugeot Sport Racing Shop, успехот на овој автомобил се должи на вредностите на трките на клиентите кои се во срцето на DNK на брендот: перформанси, доверливост и издржливост. Тој е економично возило што е клучен елемент за неговиот успех меѓу возачите и тимовите.

Peugeot 208 Rally4 го зачува квалитетот на исклучителната шасија од својот лидер и се направи чекор напред во перформансите и доверливоста на својот мотор. Почнувајќи од самото лансирање на проектот Rally4, тимовите на Peugeot Sport ги користеа квалитетите на патниот мотор EB2. Peugeot 208 Rally4 е автомобил со кој едноставно се управува, кој бара малку напор за да се постават саканите поставки. Овој модел ги задоволува потребите на сите клиенти кои ќе управуваат со автомобилот, од возачи, инвеститори до механичарите.

Peugeot 208 Rally4 сега покрива повеќе од 75% од пазарниот удел ширум светот и за François Wales, менаџер на Peugeot Sport, овој модел и неговиот успех е добра насока за промоција на брендот Peugeot и особено на серискиот модел 208. На Блискиот Исток и Латинска Америка, Peugeot 208 Rally4 е добра маркетиншка алатка со силно влијание за зголемување на видливоста на брендот благодарение на промотивните акции, настаните, изложбите и секако меѓународните првенства во кои е вклучен автомобилот.

За да се исполни меѓународниот успех на 208 Rally4 во Аргентина, Peugeot отвори „станица“ за производство, зголемувајќи го производството на тие пазари и давајќи им на клиентите од Латинска Америка можност да купат автомобил произведен во нивната област и така да ја поддржат локалната индустрија. Благодарение на естетскиот изглед на автомобилот, близок до серискиот модел, клиентите лесно можат да се идентификуваат со него.

Учеството на натпревари со погон на две тркала, зад управувачот на 208 Rally4, им овозможува на младите возачи да ги започнат своите кариери на натпреварувачки шампионати каде што можат да научат многу и тоа во моќен и светски познат автомобил.

Благодарение на овој автомобил, неколку возачи успеаа да го достигнат највисокото меѓународно ниво и сега претставува референца за помош за развој на млади таленти.
Благодарение на глобалниот успех на Peugeot 208 R2, а потоа и на Rally4, како и на неговата признаена технологија, Peugeot Sport е повеќе од кога било референца за погон на две тркала во светот.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Три погони, три модели на Toyota: Corolla Cross, RAV4, bZ4X – HEV, PHEV, BEV

Зошто концернот Volkswagen најави две соработки со кинески производители