Јапонскиот партнер вложува во бизнисот со електрични возила на Renault, а Французите за возврат ќе го намалат својот удел во акциите на Nissan.
Јапонскиот производител на автомобили се приклучува со инвестиција во висина до 600 милиони евра во огранокот на Renault за електрични возила Ampere. Двата концерни постигнаа спогодба за инвестицијата на Јапонците, стои во заедничкото соопштение од Париз и Јокохама.
Влезот на Nissan во бизнисот со електрични возила и софтвер на Renault, којшто се планира да делува самостојно, претставува дел од мерките за намалување на меѓусебната размена на удели меѓу двата партнери во алијансата.
Renault ќе го намали своето директно учество во Nissan од сегашните 43 на 15 проценти. Ист обем на удел поседува и Nissan во француската компанија. Преостанатите акции на Renault во Nissan ќе бидат префрлени на француска доверителска куќа, којашто ќе гарантира неутрално користење на правото за гласање.
Дивидентите и можните приходи од продажбата на акции и натаму ќе се префрлуваат на сметката на Renault. Договорот се очекува да биде потпишан во четвртиот квартал.
Renault во иднина во повеќе чекори ќе го внесува Ampere на берзата. Французите го одложија планираниот старт на берзата во јуни. Директорот за финансии Тиери Пиетон кажа дека тоа би можело да се случи во првата половина од 2024 година. Renault првично планираше стартот на берзата да се случи веќе во текот на годинава.
Nissan Motor has finalized plans to invest in Renault SA’s electric-vehicle venture Ampere, capping months of negotiations to rebalance the troubled automotive alliance https://t.co/1NLQBQjRhm
— Bloomberg (@business) July 26, 2023
Неслагање околу Карлос Гон
Renault и Nissan во изминатите години честопати наидуваа на спор, а најголемото неслагање беше околу околу аферата со менаџерот Карлос Гон, којшто имаше решавачко влијание во двата концерни. Гон беше обвинет во Јапонија, меѓу другото и поради берзански манипулации. Француското судство исто така издаде наредба за приведување на Гон пред половина година.
















