Двојно зголемена продажбата на Alfa Romeo во Европа

Сите светски региони пријавуваат зголемена продажба на италијанската марка во првото полугодие. Освен во Европа, порасна продажбата и на Средниот Исток и во Африка (+173 проценти), во Кина (+94%). Giulia повторно зема залет и напредуваше за 35% до јуни.

За одличните резултати на Alfa Romeo придонесува и фактот што предводникот во продажбата, компактниот СУВ-модел Tonale, стана достапен на поширокиот пазар, во популарната изведба со приклучен хибриден погон. Во меѓувреме пристигаат и првите контингенти од новото моделско годиште на Alfa Romeo Giulia и Tonale.

Резултатите не изостануваат, главно поради тоа што Alfa Romeo го поправи драстично својот имиџ, во поглед на квалитетот на изработката. Тоа се чувствува посебно во Tonale, којшто со „новиот“ пристап на Италијанците убедува во премиум карактерот. Италија е сепак земјата во којашто се произведуваат Ferrari, Maserati и Lamborghini, а тоа се марки што почитуваат перфекција во секој поглед.

Продажбата на светскиот пазар во периодот од јануари до јуни се зголеми за 57 проценти во споредба со лани. Во Милано се посебно горди на тоа што продажбата во Европа напредуваше за 100 проценти.

Во регионот на Средниот Исток и Африка продолжува да расте продажбата. Растот од 173 проценти во тој регион се бележи во континуитет, посебно откако Турција во 2022 година се истакна како пазар со најголем раст во продажбата – во светски рамки. На одредени пазари, продажбата е зголемена десетпати. Израел исто така се придружува со добри вести и раст од 40 проценти, додека Дубаи и ОАЕ следат со 37 проценти.

Во Кина, во мај биле продадени за 94 проценти повеќе возила отколку во истиот месец лани. Во период од шест месеци, посебно се издвојува напредувањето на Giulia, којашто освои за 35 проценти повеќе купувачи отколку лани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alfa Romeo (@alfaromeoofficial)

Alfa Romeo го испочитува интересот што кинескиот пазар го покажува за италијанската марка и неодамна одржа регионална презентација на новите моделски годишта на Giulia и Stelvio. Во Хонг Конг е отворен и првиот салон на Alfa Romeo.

„Лидер со квалитет во премиум сегментот“

Жан-Филип Импарато, извршен директор на Alfa Romeo, коментира: „Резултатите за првата половина од годината се дело сработено од целиот тим. Ние ги постигнуваме целите што сами ги поставивме, со голема скромност и со пожртвуваност. Дисциплината со којашто ние ја следиме нашата сратегија се темели врз желбата да се докажеме како лидер во премиум секторот, во поглед на квалитетот, а наградите што ги добивме се доказ за тоа.“

Alfa Romeo неодамна се докажа како најквалитетна премиум марка во истражувањето што го спроведува американскиот институт JD Power. Сопствениците на возило од италијанската марка пријавиле најмалу проблеми со својот автомобил во првите месеци користење.

Претходна објаваNissan вложува половина милијарда во електричниот огранок на Renault
Следна објаваVolkswagen ќе развива електрични автомобили заедно со кинески Xpeng

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here