Преродбата на Jaguar ќе почне од американскиот пазар

Jaguar Land Rover го гледа американскиот пазар како клучен за понатамошниот успех на марката Jaguar. Британците ѝ подготвуваат нов старт на марката со богата традиција.

Уште во текот на годинава Jaguar ќе почне со претставување на нови модели што „радикално ги осмислуваат од ново“ иконските модели, каков што е E-Type.

JLR подгoтвува обновување за својата марка Jaguar, коешто подразбира скусување на понудата од модели и поместување на марката во луксузниот сегмент. Jaguar во иднина ќе се натпреварува против Bentley и Porsche, место против Mercedes-Benz и BMW.

Американскиот пазар беше клучен за успехот на Jaguar во 1990-те.

„Марката пред 25 години беше исклучително успешна во Северна Америка, пред ние да се соочиме со предизвиците и да ги донесеме нашите одлуки“, изјави извршниот директор Адријан Мардел пред средбата со инвеститорите во минатиот месец.

Тогашниот успех на Jaguar во САД, сега е „изгубен во податоците на Ford Motor Company,” кажа Мардел, на кого што на 20-ти јули му беше потврдено местото на извршен директор на JLR, на коешто беше поставен привремено.

Мардел се придружи во JLR во 1990 година, по една година откако Ford ја купи компанијата од British Leyland. Jaguar тогаш целеше на многу побогати клиенти. Лимузината XJ стартуваше во САД од 54.750 долари, што соодветствува на денешни 100.000 долари, додека купето XK чинеше 69.900 долари.

„Само во САД постојат 20 милиони милионери,“ кажува Мардел

Во марката се надеваат дека ќе постигнат сличен успех со новата и полуксузна понуда од модели. „Само во САД постојат 20 милиони милионери,“ кажува Мардел. „Според тоа, префрлување на помала продукција и наповисока цена е апсолутно вистинската позиција за Jaguar денес.“

Во подоцнежните години на Jaguar под Ford, Американците почнаа да притискаат на зголемување на продукцијата. Истото продолжи и по преоѓањето на британската марка во сопственост на индиска Tata Group. Тоа доведе Jaguar да ја изгуби врската со побогатиот круг купувачи.

„Оттогаш помина долго време. Според тоа, разумно е да се претпостави дека нé чека многу работа за да ја вратиме таа вредност на марката,“ објаснува Мардел.

Ford плати 2,5 милијарди долари за Jaguar во 1989 година, пред во 2008 година да ја продаде на Tata, заедно со Land Rover, за 2,3 милијарди долари.

Крај на „медиокритетот“

Jaguar во изминатите години ја прошири својата понуда од модели со три лимузини, три кросовери и спортски автомобил, со идеја да создаде британска верзија на BMW.

Со обидот да се привлечат колку е можно повеќе купувачи од премиум сегментот, марката западна во „медикоритет“, кажа директорот за креатива Гери Мекгауерн, на истиот настан за инвеститорите, што се одржа во седиштето на JLR во Гајдон, во централна Англија.

Мекгауерн раководи со дизајнирањето на првиот модел модел од новата ера на Jaguar. Тоа ќе биде гран туризмо со 4 врати и со целосно електричен погон. GT ќе биде прв од трите нови електрични модели на Jaguar. Новитетот ќе доживее премиера годинава, а продажбата ќе стартува в година, почнувајќи од 100.000 фунти.

Дизајнот на новите модели ќе предизвикува спротивставени гледишта, најавува Мекгауерн.

„Не се посветуваме на тоа да нé сакаат сите, затоа што тоа е бакнеж на смртта“, кажува директорот. „Тоа направи Jaguar денес да биде во ситуацијата во каква што се наоѓа денес, во којашто нема праведност“.

Во април, Мекгауерн кажа дека идните модели на Jaguar ќе задираат ви иконскиот изглед на моделите каков што е E-Type. Но, тие модели ќе бидат сосем различно дизајнирани. „Тие ќе шокираат и тие ќе бидат бестрашни“, опишува Мекгауерн.

Претходна објаваПроизводителот на iPhone купи половина акции во гермaнски ZF
Следна објаваBYD ја зголемува предноста пред VW како најпродаван производител на автомобили во Кина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here