Производителот на iPhone купи половина акции во гермaнски ZF

Тајвански Foxconn ќе преземе 50 проценти удел во огранокот на германскиот гигант ZF Group, којшто е специјализиран за погонски оски. Со заедничката компанија ќе се бараат нови можности на растечкиот пазар на добавувачи за автомобилската индустрија.

Зделката со којашто огранокот ZF Chassis Modules се проценува на 1 милијарда евра, на компаниите ќе им овозможи да ја збогатат својата понуда од производи за возила со мотори со внатрешно согорување и за возила со електричен погон, стои во соопштението.

Заедничката компанија со Foxconn е дел од стратегијата на ZF, којашто има за цел преку соработка со надворешни партнери, да се прошири делувањето во одредени бизнис подрачја, во коишто германската компанија не може да настапува самостојно. Холгер Клајн, извршен директор на ZF, го изјави тоа за Ројтерс.

„Овој бизнис може да расте многу брзо, но има релативнно ниска маржа. Потребен е свеж капитал,“ поради што ZF се впуштиле во потрага по партнер, кажува Клајн. ZF планираат да ја користат добивката за отплата на долговите.

Договорот за заедничката компанија се очекува да стекне важност во период од шест до осум месеци по потпишувањето, доколку дадат дозвола регулаторите.

Клајн не исклучува можност Foxconn по извесно време да го зголеми својот удел и не очекува дека проверката на трансакцијата ќе наиде на тешкотии од страна на германските власти.

Берлин лани блокираше производителот на чипови Siltronic од Минхен да се продаде на ривал од Тајван, поради тензиите со Кина.

ZF е трет најголем добавувач за автомобилската индустрија во светски рамки, со остварен промет кон производителите на автомобили од 39,3 милијарди долари во 2021 година.

 

Претходна објаваИндијци го купија Dr. Schneider, голем снабдувач за автомобилски ентериери
Следна објаваПреродбата на Jaguar ќе почне од американскиот пазар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here