Индијци го купија Dr. Schneider, голем снабдувач за автомобилски ентериери

Индискиот добавувач Samvardhana Motherson International ја купи германската групација Dr. Schneider по пат на стечајна постапка, по цена од 118,3 милиони евра.

Групацијата Dr. Schneider, којашто е огранок на холдингот Dr. Schneider, произведува делови за внатрешност на возилата, вклучувајќи панели и осветлување.

Германската компанија објави стечајна постапка во септември 2022 година, поради „неуспешна оперативна и финансиска реконструкција“, објавуваат Samvardhana Motherson во соопштението коешто се однесува на преземањето на компанијата. Преземањето се очекува да биде завршено во третиот квартал од фискалната 2024 година.

Компанијата во семејна сопственост има седиште во Кронах, во близина на границата на Германија со Чешка. Dr.Schneider вработува 4.500 лица во седум фабрики, во Германија, Шпанија, Полска, САД и Кина.

„Веруваме дека ќе успееме да направиме пресвртница во овој бизнис… Гледаме бројни синергиски ефекти и неискористен потенцијал, посебно во истражувањето и развојот,“ порачува претседателот Вивек Чанд Сегал во соопштението.

Со оваа зделка расте бројот на големи компании во портфолиото на SMIL, со што воедно се зголемува и присуството на индиската компанија во производството на делови за автомобили. Во почетокот на месецов, компанијата објави дека од Honda ќе купи главнинскиот удел во бизнисот за возила со четири тркала на јапонскиот добавувач Yachiyo Industry.

Во вебсајот на германската компанија се наведува дека Dr. Schneider „се вбројува меѓу светските лидери во подрачјето на вентилациски системи и облоги на прозорски рамки во премиум сегментот.“ Во големиот круг клиенти на германската групација се вбројуваат „силни марки како Audi, BMW, Jaguar/Land Rover, Lamborghini, Daimler AG, Porsche и Rolls-Royce, и уште бројни реномирани производители на автомобили, како Ferrari, Fiat Chrysler, Ford, GM, Maserati, Seat, Skoda, Toyota, Volvo и VW.

Претходна објаваНовата батерија на Тoyota со цврст електролит се полни за 10 минути
Следна објаваПроизводителот на iPhone купи половина акции во гермaнски ZF

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here