Ново друштво за C63 AMG: Mercedes C450 AMG и C400

Монструмот од новата средна класа на Mercedes само што не се појавил. Но, тој нема да биде сам. Швабите ја засилуваат предводницата на класата С со верзиите C450 AMG Sport и C400.

Кон крајот на 2014 година Mercedes ќе го претстави моделот од врвот на неговата понуда во средната класа, C63 AMG. Конкурентот на BMW M3 и Lexus IS F ќе го добие новиот четирилитарски мотор со осум цилиндри во V, со битурбо натполнење и моќност од најмалку 510 КС. Пред да се појави овој монструм во елегантен костум претстои воведување на моделот C400, со трилитарски мотор со шест цилиндри во V, исто така со битурбо натполнење, со 333 КС, кој веќе се вградува во повеќе моделски серии на Mercedes. Со доплата, C400 ќе биде достапен и во верзија со погон на сите тркала 4Matic.

Од следната година, меѓу C400 и C63 AMG ќе вози дополнителната моделска верзија C450 AMG Sport. Тој ќе го користи истиот мотор од C400, фабрички дотеран на поголем притисок на натполнење и моќност од 367 КС. Погонот на сите тркала ќе биде достапен и за „умерената“ верзија на C63 AMG. Оваа моделска изведба на класата С повеќе е наменета за купувачите што го сакаат убедливиот спортски настап на C63 AMG, но немаат потреба од толкава моќност што е голема и за тркачка патека.

Претходна објаваAudi ќе вградува трицилиндарци во моделите A1 и A3
Следна објава10-те најпродавани модели и марки во Европа во месец март

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here