Tesla ја објави веста во саботата, на мрежата твитер, којашто е во сопственост на Илон Маск. На објавената фотографија се гледаат работници во безбедносни елеци и шлемови, толку натуткани околу возилото, што од Cybertruck се гледа практично само покривот.
Кога Маск го прикажа прототипот на пикапот со клинест профил во ноември 2019 година, планот беше производството да отпочне во следните две години.
Маск остави голема резерва околу брзината со којашто Tesla ќе ја подигне продукцијата на пикапот на планираното ниво. Тој за време на годишната средба во мај, им соопшти на акционерите дека радикалната конструкција на Cybertruck поставува големи предизвици. Шефот откри дека каросеријата ќе биде изработена од нерѓосувачки челик, а тоа е скапо и комплицирано е за обликување и заварување.
„Ќе биде тешко да се постигне достапна цена, затоа што станува збор за ново возило, за нова метода на производство“, кажа Маск. „Во големата шема на нештата, тоа (пикапот) ќе биде мало во споредба со продукцијата на сите останати модели што ги произведуваме. Но, пак ќе биде многу кул.“
Tesla првично најави дека Cybertruck ќе го продава во три различни конфигурации:
- Изведба со еден електормотор и досег од преку 250 милји (над 400 km), со цена од $49.900.
- Модел со два електромотори, со досег од преку 300 милји (над 480 km), со цена од $49.900.
- Варијанта со три електромотори и со досег од преку 500 милји (над 800 km), којашто ќе чини $69.900.
First Cybertruck built at Giga Texas! 🤠 pic.twitter.com/ODRhHVsd0t
— Tesla (@Tesla) July 15, 2023
Во октомври 2021 година, компанијата ги отстрани цените и техничките податоци од вебсајтот за нарачка за Cybertruck, без да ја наведе причината за тоа.
Кога во април годинава беше прашан за новите цени и технички податоци, Маск посочи дека таа информација ја чува за свеченото примопредавање на Cybertruck, кошто тој се надева дека ќе се одржи кон завршетокот на третиот квартал, односно во септември.
Tesla Cybertruck (pressurized edition) will be official truck of Mars! 🔥💛🫶@elonmusk
pic.twitter.com/dtLhtLiB0M— Eva McMillan ♥️ (@EvasTeslaSPlaid) July 16, 2023
Откако Tesla првпат го прикажа возилото пред светот, на настан што остана запомнет по неуспешното демонстрирање на божем непробивното стакло, General Motors започна со продажба на својот пикап GMC Hummer EV, а исто и Rivian Automotive го лансираше својот R1T.
[the_ad id=”73735″]
Аналитичарите предвидуваат дека Tesla годинава ќе испорача околу 2.000 примероци од Cybertruck. Тоа е само делче од вкупната продукција од 1,78 милион возила. Прашање е колку Cybertruck ќе придонесе во профитабилноста на компанијата, затоа што производството е комплицирано и мора да се користат поголеми батерии, затоа што примената на пикапи често значи и влечење приколка.
















