Renault повторно е најпродавана марка во Франција

Само на европскиот пазар, растот во продажбата на марката Renault достигна 21% или вкупно 501.985 продадени возила. Тоа значи и дека Renault е втора најпродавана марка патнички и доставни возила на европскиот пазар.

Делува стратегијата на шефот Лука де Мео. Французите ја зголемија продажбата во C-сегментот, во сегментот на моделите од компакт класата, за дури 42 проценти. Тоа овозможува Renault да ја зголеми оперативната добивка, наспроти времето пред Де Мео, кога продажбата главно се сведуваше на помали и поевтини модели, и соодветно на тоа и маржата остануваше скромна. Во време кога автомобилскиот свет се менува со молскавична брзина, маржата е пресудна, затоа што мора да се вложува во нови технологии – во електромобилноста посебно.

Голем раст од 40 проценти беше постигнат и во продажбата на модели со класичен хибриден погон (83.000 возила). Од сите модели со електрифициран погон, Renault во првото полугодие продаде вкупно 132.500 возила, или за 17% повеќе во споредба со лани.

Близу две третини од продажбата (65%) во гамата на новиот Austral отпаѓаат на изведби со хибриден погон. Сличен удел има и кај кросоверот Arkana, кај нас именуван Megane Conquest, каде што хибридите учествуваат со 55 проценти.

Електричниот Megane E-Tech, којшто во 2023 ќе ја има првата цела година во продажба, во првото полугодие се продаде во 23.000 примероци. Тој е најпродаван модел со електричен погон во компакт класата во Франција. Megane учествува со близу 50% во вкупната продажба на електрични возила, којашто достигна 48.000 примероци.

Во втората половина од годинава, електричниот Megane ќе стартува со продажба во Турција и во Бразил

Најголемиот дел од продажбата на Renault го сочинуваат моделите од C-сегментот, со 136.195 продадени возила, за 42% повеќе во споредба со лани.

Во оваа бројка, Renault Austral учествува со 39.495 примероци, меѓутоа Renault Arkana (Megane Conquest) напредува уште повеќе и во истиот период постигна 41.821 продажби.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Renault France (@renault_france)

Одлични резултати постигнуваат и доставните модели. Renault постигнува двоцифрен раст, со 186.000 продадени возила или за 21,5% повеќе отколку во првите шест месеци лани. Европа учествува во оваа бројка со 144.250 возила.

Сите модели од понудата на доставни возила бележат раст: Kangoo (+11.7%), Express (+48.9%), Master (+13.8%) и Trafic (+36%), за коишто Renault додава дека сите се и лидери во своите сегменти.

Годинава ќе доживее премиера и електричниот Trafic Van E-Tech.

Во втората половина од годината се очекува дополнителен поттик во продажбата, со новата генерација на Espace, со освежениот Clio, како и со Megane Conquest, којшто исто така има свежи зафати во новото моделско годиште.

Претходна објаваAudi се враќа во трка против BMW и Mercedes
Следна објаваСо доцнење од две години: Tesla го произведе првиот Cybertruck

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here