за

Audi се враќа во трка против BMW и Mercedes

Во првото полугодие, Audi продал за 15 проценти повеќе возила отколку лани. Конкурентите BMW и Mercedes имале далеку помал раст.

Audi се избори за одлична позиција во продолжувањето на тробојот со BMW и Mercedes-Benz. Во првите шест месеци, премиум марката од концернот Volkswagen постигна далеку поголем раст во продажбата, отколку што тоа им успеа на двата конкуренти од југот на Германија.

Во светски рамки, Audi во првото полугодие испорачал 907.111 возила или за 15,5 проценти повеќе отколку во истиот период лани. Јуни беше дури и рекорден месец, Audi во историјата нема продадено повеќе возила во месец јуни, отколку годинава.

Двата конкуренти од премиум сегментот пријавиле помал напредок во продажбата. Марката BMW во првото полугодие ја зголеми продажбата за 4,7 проценти. Mercedes-Benz е подобар, со раст од шест проценти. Во апсолутни бројки, двете марки сепак се во голема предност пред марката од Инголштат. BMW до јуни има продадено 1,07 милион возила, Mercedes-Benz постигна 1,02 милион продажби.

Пазарот пораснал повеќе во САД, отколку во Европа, соодветно со 30 проценти, наспроти 24 проценти. Во Кина, пак, сосем е спротивна ситуацијата. Audi таму имаше минус од два проценти во првото полугодие.

Голем напредок има во продажбата на батериски електрични автомобили, каде што растот изнесува 50 проценти. На светскиот пазар, до јуни се продадени 75.647 возила на Audi што користат единствено електричен погон. Тоа значи дека едно од секои дванаесет продадени возила на Audi, е електрично Audi.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Audi (@audiofficial)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Range Rover може да биде и куќа: Настани за избрани клиенти

Renault повторно е најпродавана марка во Франција