Аргентинскиот огранок на Peugeot го заврши првото полугодие со одлични резултати. Француската марка најмногу го зголемила својот удел на пазарот, со раст од 33% во споредба со истиот период лани. Едно од секои десет продадени возила (пазарен удел од 11,3%) во Аргентина во првото полугодие било Peugeot.
Уште од пазарниот старт, Peugeot 208 постојано е на највисоките позиции во продажбата на возила на аргентинскиот пазар. Тоа беше вистински крунисано во јуни, со титулата на најпродаван модел во земјата.
Со вкупно продадени 4.679 возила, Французите во јуни ја имаат втората најпродавана марка на големиот пазар. Вкупно во првото полугодие, Peugeot испорачал повеќе од 25.000 возила.
Од почетокот на продажбата на Peugeot 208 во Аргентина, во август 2020 година, актуелната „двестотка“ постигнала повеќе од 57.000 продажби во земјата.
Јунскиот резултат за Peugeot 208 беше е воедно нов рекорд за марката. Последен пат, Французите имале толкав удел на тамошниот пазар во 1995 година. Рекордот досега му припаѓаше на Peugeot 405, со пазарен удел од 9,1 проценти.
За популарноста на „208“, којшто е меѓу најважните модели во рамките на целиот концерн Stellantis на аргентинскиот пазар, секако дека придонесува и локалното производство. Peugeot 208 се произведува во фабриката Ел Паломар, во провинцијата Буенос Аирес. Продукцијата на моделот лани се зголемила за повеќе од 30% во споредба со 2022 година.
View this post on Instagram
Изведбата на Peugeot 208 што се монтира во Ел Паломар, главно од модули што се испорачуваат од Европа, се разликува од европската по тоа што има зголемено растојание од подлогата и преработени браници (заради патиштата), има поедноставна задна клупа, и поголем резервоар.
Освен со 1,2-литарскиот бензинец, Peugeot 208 таму е достапен и во изведба со 1,6-литарец со 116 КС.
















