
Ако бидете поканети во Range Rover House, тогаш може да бидете сигурни дека сте постигнале нешто повеќе од просекот – поблиску до врвот отколку до просекот. Германскиот огранок на Range Rover во минатата недела ја отвори првата Range Rover House во земјата. Настанот е замислен да се ужива со сите сетила. Исто како што се ужива и во теренскиот „RR“.
Range Rover во втората седмица од јули, во германскиот град Кронберг организираше посебен настан за избрани клиенти, исклучиво со покана, со цел на клиентите на отмената марка да им се прикаже визијата на модерниот луксуз на Range Rover.
Гостите имаа можност да уживаат во врвна кујна, да се запознаат со дизајнирање посебни мириси, како и да ги дознаат тајните на германското лозарство. Во таква средина, многу подобро се чувствува возвишеноста што ја поседуваат еден Range Rover, Range Rover Velar, Range Rover Sport или моќникот Range Rover Sport SV.
Уживањето не се поттикнуваше само преку јазикот и непцата, туку и низ воздухот се ширеше парфем, создаден посебно за единствениот стил на живот со марката Range Rover. Создадели на парфемот се дизајнерското студио за ароми Aoiro. Гостите учествуваа во работилница и практично сами го создаваа парфемот, мешајќи ги компонентите што тој ги содржи.
Како место за настанот беше избрана елегантна вила во Кронберг, осовременувана низ текот на годините. Во градината беше поставен шатор со минималистички дизајн.
Главниот носител на настанот беше ексклузивниот и супериорен во својата моќ, Range Rover Sport SV. На сите пазари ширум светот, на коишто ќе стартува продажбата на ексклузивниот SV, ќе бидат организирани вакви настани, на коишто ќе се покануваат само избрани гости. Мајсторите на отменоста подготвија и посебна изведба за стартот на овој модел, SV Edition One, којашто нуди врв вбо поглед на опременоста, материјалите и боите.















