Само уште новаците во Lidl можат да се изненадат од тоа што ќе го најдат во полиците на германскиот синџир супермаркети. Полначите за електрични автомобили се во редовна понуда уште од 2022 година. Производ со име Ultimate Speed Wallbox USWB 11 A1, 11 kW, е точно тоа, полнач за автомобили, од Tesla Model 3 до Volkswagen ID.4. Има и уште посилна изведба, малку поскапа.
Во описот на производот, искусните трговци на Lidl пишуваат дека уредот е наменет за „електрични и хибридни возила едноставно да се полнат дома“. Моќноста изнесува 11 kW. Ѕидниот почнач располага со компактен и прегледен дисплеј во боја. Испораката е за 3 денови, пробниот период е 30 денови, по што истиот може да се врати, доколку корисникот е незадоволен.
Брзината на полнење може да се нагоди пред секое полнење, со избор меѓу седум степени. Тоа значи дека доколку струјата доаѓа од домашните фотоволтаици, полначот може да се намести на најслабо. Во случај на прекин на струја, полнењето продолжува автоматски по враќањето на напонот.
За поставување е доволна само дупчалка, по нашки бормашина, нема потреба од помошна сила. Ultimate Speed Wallbox може да се постави и на отворено.
[the_ad id=”73735″]
Технички податоци и детали
- Напон од 400 V~ (3 фази) или 230 V~ (1 фаза) (автоматски распознава)
- 4 степени на полнење (при ei 400 V~): ca. 4, 7, 9 или 11 kW
- 3 степени на полнење (при 230 V~): ca. 2, 3 или 4 kW
- Влезен и излезен напон: 230 V~ 50 Hz, 1 Ph / 400 V~ 50 Hz, 3 Ph
- Влезна и излесна струја: max. 16 A
- Работна температура: -25 до +50 °C
- Должина на кабел: 5 m
- Практично владбување за кабелот да се намота
- Материјал: Метал, пластика
- Димензии: ca. 40 x 36 x 14,55 cm
- Тежина: ca. 6 kg
- Дисплеј: 8,5 cm, во боја
Посилниот полнач со 22 kW чини 659 евра.
View this post on Instagram
















