Рекламно пано на Mercedes игра заедно со минувачите

Жителите и посетителите на германскиот пристаништен град Хамбург можат да доживеат посебна атракција во центарот на градот. На огромен тридимензионален билборд со ЛЕД-технологија се прикажува Mercedes-AMG SL.

Технологијата прави родстерот да изгледа како вистински да се појавува пред минувачите. Но, има и дополнителна атракција, којашто секако се заснова врз најнапредна технологија на прикажување.

Билбордот реагира на различни начини според минувачите во туристичкиот дел од градот што се води како HafenCity:

  • SL реагира на бојата на облеката кога човек ќе застане директно пред билбодордот и ја менува бојата на каросеријата, како камеленон.
  • Кога човек ќе направи движење со рацете, родстерот ја менува положбата или аголот на гледање на возилото
  • Ако човек се движи побрзо, така и сликата на ЛЕД-дисплејот се менува побрзо и со дополнителни детали
  • Кога човек ќе ги подигне рацете или ќе ги рашири, SL реагира и ја менува насоката на возење.

За да се овозможи оваа интеракција со виртуелниот SL, тридимензиналниот ЛЕД-билборд е поврзан со специјална камера со распознавање на просторната длабочина

Заднината што се појавува на билбордот е дело на уметницата Криста Ким. Таа својата уметност ја нарекува „Techismus”. Ким работи со дигитални медиуми, ЛЕД инсталации, дигитални промени на боја и просторен звук. Боите се менуваат постојано, како река од дигитални информации.

Секако, тоа што во Македонија ни е назначајна одлика на родстерот AMG SL е името на дизајнерот. Славче Таневски, македонскиот дизајнер во Штутгарт, го создаде изгледот на родстерот, којшто е еден од моделите на Mercedes-Benz со најбогата и најзначајна традиција.

По Хамбург, Mercedes-AMG ќе го овозможи ова несекојдневно искуство и во други градови.

Претходна објаваИндија е новиот голем пазар: Kia произведе милион автомобили
Следна објаваLidl: Полнач за електрични автомобили за 299 евра

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here