Peugeot изведува суптилна еротика со маскирањето на новата 3008-ка

Французите прават голема драма околу појавувањето на новата генерација на компактниот СУВ-модел Peugeot 3008 и го имаат сето право за тоа. Предизвикот именуван #CAMOCATCH преоѓа на следното скалило.

Peugeot летово ги поттикнува сите што ќе ги видат претсериските протитипи од новата Peugeot 3008 во завршното тестирање по јавни патишта, да ги фотографираат возилата. Следниот чекор ќе биде покана за најголемите среќници да присуствуваат на првите возења на Peugeot 3008 SUV и сами да седнат зад воланот на важниот модел.

Уште еден важен детал што го откриваат од канцеларијата во Поаси е дека кај прототипите што ќе се среќаваат при тестирањето ширум Европа станува збор за електричната изведба, значи за Е-3008.

Потфатот почна во мај, кога Peugeot ја повика јавноста да избира кои маски најдобро ќе ѝ прилегаат на 3008-ката. Тоа се случи, и беа избрани:

  • тема “Street Art”,
  • тема “Optical Art” и
  • тема “Prototype”

Во минатиот месец се печатеа и поставуваа фолиите врз прототипите на Peugeot E-3008. Следно е овие возила да се фотографираат кога ќе се забележат на улица, и фотографиите да се објават на друштвените мрежи, под обележувачот #camocatch и со тагирање @peugeot .

Оваа фаза ќе трае од 15-ти јули до 15-ти август

Маските на прототипите содржат QR код, по чиешто скенирање се пристапува до вебсајтот на проектот #CAMOCATCH.

Од пристигнатите фотографии – само една по профил – ќе е изберат 6-те победници, коишто ќе добијат покана да ја тестираат новата 3008-ка на првите тест-возења за новинарите во 2024 година.

Маската ќе биде конечно тргната во септември.

Претходна објаваRolls-Royce се заканува со црна листа за неверните купувачи
Следна објаваИндија е новиот голем пазар: Kia произведе милион автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here