Во Mercedes владее големо одушевување од ChatGPT. Откако неодамна беше најавено дека програмата ќе се користи за говорни команди во возилата, следен чекор е нејзина примена и во производството.
Штутгарт неодамна најави, дека програмата со вештачка интелигенција, што располага со зачудувачки способности, ќе ја користи за говорното управување со инфо-забавниот систем во своите автомобили. Следниот чекор е примена на ChatGPT и во самото производство.
„Со помош на новите дигитални алатки, вработените стекнуваат можност за тековно да ги оптимираат производствените процеси, како и контролата на квалитетот. По успешната пилот-фаза, ChatGPT ќе се користи во целата производствена мрежа на Mercedes-Benz ширум светот“, најави шефот за производство во Mercedes, Јерг Бурцер.
Според тоа, ChatGPT ќе стане дел од дигиталниот екосистем MO360, што од 2020 година управува со производството во сите фабрики на Mercedes. Програмата ќе се користи за препознавање грешки, по пат на „кластерирање“, што претставува вид на структурно спојување на податоците.
Објаснето наједноставно, ChatGPT овозможува контролата на квалитетот да се врши преку говорни команди, место преку комплексно програмирање
Користејќи ChatGPT, вработените ќе можат многу поедноставно да ги изведат комплексните процени и прикажувања на заклучоците што ќе ги извлечат од контролата на квалитетот.
Меѓу целите на вклучувањето на ChatGPT во производството е на вработените во фабриките ширум светот да им се обезбеди дигитален партнер со вештачка интелигенција, на кого што можат да му се обратат.
We are testing ChatGPT in production to accelerate the intelligent use of tools in MO360 digital production, based on AI. https://t.co/LhfmjiOmoL#MercedesBenz pic.twitter.com/t0A11sJRWD
— Mercedes-Benz (@MercedesBenz) July 6, 2023
Според директорот Бурцер, вработените во производството, во рамките на MO360 комуницираат преку „самоуслужен“ портал, којшто е достапен преку секој уред на компанијата – тоа се однесува на таблетите, телефоните, лаптопите. Таканаречениот MO360-Support Bot е програмиран така што одговара на прашања и комуницира со вработените. Тоа ќе се усоврши со користењето на ChatGPT.
We are further expanding the use of artificial intelligence and integrating it into the voice control of its vehicles. By adding ChatGPT, voice control via the MBUX Voice Assistant's Hey Mercedes will become even more intuitive. pic.twitter.com/sLmcP1xJbW
— Mercedes-Benz (@MercedesBenz) June 27, 2023
За интеграцијата на ChatGPT, Mercedes се потпира на Microsoft. Mercedes преку платформата на податочен облак Azure AI користи генерички модели на вештачка интелигенција од софтверскиот и технолошки концерн Microsoft.
Од посебно значење во Mercedes им е безбедноста на податоците и сигурноста. Говорните команди се обработуваат анонимно во Azure-Cloud. Податоците од производството остануваат во платформата MO360. Mercedes е меѓу првите производители што се обврзаа за посебна регулатива за одговорно користење на вештачката интелигенција.
















