Volkswagen ја лути Tesla

Volkswagen ќе ги тестира своите самоуправувачки автомобили во САД ,токму на подрачјето на градот Остин, во американската сојузна држава Тексас. Тоа ќе се одвива буквално пред вратата на конкурентот Tesla и шефот Илон Маск. Други компании се понапред и од Volkswagen и од Tesla.

Десет возила од електричното комбе ID Buzz на Volkswagen наскоро ќе започнат со тестирање на автономното возење во Тексас. Во Минхен веќе се пуштени да тестираат неколку возила, а во план е и улиците во пристанишниот град Хамбург да бидат опфатени во тестирањето.

Шефот на Tesla, Илон Маск, веќе со години не пропушта пригода да нагласи дека нивниот „автопилот“ е во состојба самостојно да управува со возилата, меѓутоа станува збор само за систем за асистенција. Буквално секој дeн пристигаат пријави за незгоди што возачи на Tesla ги предизвикале пуштајќи го нивното возило да управува самостојно.

Во САД сепак постојат неколку моќни компании што во автономното возење имаат напредувано повеќе и од Volkswagen и од Tesla. Роботските такси возила на Waymo, посестринска компанија на Google, веќе подолго време сообраќаат во Феникс, без присуство на возач во автомобилот.

Фирми како Cruize (General Motors) и Mobileye исто така тестираат долго и соодветно имаат стекнато богато искуство со оваа технологија. Меѓу класичните производители на автомобили, засега Mercedes-Benz се единствени што со својот „Drive Pilot“ имаат добиено дозвола во Германија за нивните возила да користат автономно возење од Ниво 3 во јавен сообраќај.

Автономното возење им отвора голем пазар на компаниите во иднина. Меѓутоа уште не е утврдно кога ќе се случи пресвртницата и кој ќе ја има предноста пред останатите. „Тоа е важно достигнување за нас, во САД да ја прошириме глобалната програма за возилата на Volkswagen што управуваат автономно“, вели Пабло Ди Си, претседател и извршен директор на Volkswagen of America.

За раководењето со возниот парк од тест возила, Volkswagen основаше посебна компанија под името ADMT. Вработените, меѓи коишто се и техничарите на Argo AI, ќе ја усовршуваат технологијата во Белмонт/Калифорнија и во Остин/Тексас. Argo AI е заедничка компанија што Volkswagen ја формираше заедно со Ford, меѓутоа двата производители се откажаа од неа, во октомври 2022 година.

Тест возилата ќе користат автономно возење од Ниво 4, што значи дека ќе можат целосно самостојно да управуваат на зададена релација. Во фазата на тестирање сепак ќе биде присутно лице во возилата, за да интервенира доколку технологијата затаи.

Претходна објаваStellantis не ја менува фабриката за електричниот Peugeot, Шпанија е поевтина
Следна објаваMercedes ќе го користи ChatGPT и во производството

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here