Lamborghini Huracan и Urus распродадени до завршетокот на производството

Моделите на Lamborghini што користат само мотор со внатрешно согорување се распродадени до завршетокот на производството. Тоа денес го кажа Штефан Винкелман, извршен директор на италинанската марка, во изјава за германскиот дневник „Ди Велт“.

Веста доаѓа во време кога Lamborghini се подготвува да се префрли на понуда што ќе ја сочинуваат единствено модели со приклучен хибриден и целосно електричен погон.

Книгите со нарачки за моделите Huracan и Urus се полни, што го одбележува завршетокот на производство на модели со погон само од мотор со внатрешно согорување, кажа Винкелман, шеф на италијанската марка што е дел од групацијата Volkswagen.

Lamborghini во јули лани објави дека до 2024 година ќе вложи најмалку 1,8 милијарда евра во производство на модели со приклучен хибриден погон. Дополнителна инвестиција ќе следи за првиот целосно електричен модел што ќе почне да се произведува кон завршетокот на деценијата.

Винкелман изјави за „Ди Велт“ дека моделите со мотор со внатрешно согорување ќе се заменат со приклучни хибриди во 2024 и 2025 година. Тој додаде и дека очекува приклучниот хибрид Revuelto да се распродаде до завршетокот на 2025 година.

Иалијанскиот производител од Сант Агата лани имаше рекордна продажба, а ништо помалку не се очекува и за годинава.

Претходна објаваCLE: По малку од C-Class, по малку од E, тотално Mercedes
Следна објаваЖан Мишел Жар ги компонира звуците за електричните модели на Renault

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here