Човекот што прв создаваше музика на електронски уреди, секако голем фан на технологијата, Жан Мишел Жар, ангажиран е од Renault, за во соработка со Ircam и со сопствените инженери за звук на групацијата, да развие звуци што ќе бидат својствени за идните електрични автомобили на француската марка.
Најмалку два звуци што ќе ги произведува новата генерација електрични модели на Renault, ќе бидат дело на Жан Мишел Жар. Едниот е звукот што надвор го слушаат минувачите и велосипедистите, за да им се укаже на присуството на електричен автомобил во нивна близина.
Вториот звук се слуша кога ќе се седне во автомобилот, тоа ќе биде поздравната порака од прочуениот музичар за сите идни сопственици на електричен автомобил на Renault.
Првото објавено видео покажува сцени во коишто Жан Мишел Жар учествува во создавањето на звуците, во улога на изведувач, но и инженер на звук.
Серијата се состои од четири видеа, со тоа што во последното видео ќе може да се слушнат и конечните звуци што ќе се користат во возилата.
Идејата за соработката потекна на салонот за мобилност во Минхен во 2021 година, кога Лука де Мео, извршен директор на групацијата Renault, одржа средба со Жан Мишел Жар. Една од главните новини на салонот беше и електричниот Megane E-Tech.
На Аутомедиа во следните неколку недели ќе ги објавуваме видеата од серијата, откако истите ќе бидат достапни.















