Kia го продолжи партнерството со FIFA до 2030 година

Обновеното партнерство опфаќа низа престижни првенства во рамките на FIFA, вклучувајќи го ценетото светско фудбалско првенство за жени во 2023 година и светскиот куп на FIFA во 2026 година.

Соработката меѓу Kia и FIFA трае подолго од две децении. Како нов предизвик во соработката е поголема посветеност во унапредувањето и развојот на женскиот фудбал.

„Почестени сме за продолжувањето на нашето долгогодишно партнерство. Низ годините, Kia постојано ја покажуваше својата посветеност во поддршката на FIFA и го цениме напорот да се подобри севкупното искуство во текот на нашите првенства“, изјави претседателот на FIFA, Џани Инфантино. „Заеднички ќе продолжиме да работиме напорно, за преку фудбалот да го обединиме светот.“

Како официјален партнер на FIFA, корејскиот производител се грижи за беспрекорна и ефикасна организација на превозот за време на светските настани и првенства.

Видеото од неодамнешниот тест на Kia XCeed со приклучен хибриден погон

Претходна објава3000 километри со електрична Toyota bZ4X низ Македонија: Домаќинската тура
Следна објаваФино дотерување за финиот СУВ: Range Rover Evoque во моделска 2024 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here