Фино дотерување за финиот СУВ: Range Rover Evoque во моделска 2024 година

Рејнџ Ровер Евок е еден од двата СУВ-модели со мотор со внатрешно согорување што ќе се произведуваат покрај новите електрични модели. Тој е достапен и како приклучен хибрид.

Нова средишна конзола, нов заоблен дисплеј од 11,4 инчи, нови диодни светла со нова светлечка графика, заедно со нова маска во стил што е единстгвен за целата марка, и нова изведба Autobiography, за уживање во ексклузивност во модел од компакт класата – тоа се главните новини на Range Rover Evoque во моделското 2024 годиште.

Основниот модел на Range Rover е веќе доволно препознатлив и по нагласено клинестата форма, во комбинација со покрив што создава впечаток како да лебди над кабината. Неколкуте освежувања ќе направат британскиот благородник да биде уште повпечатлив и уште поотмен во својата појава.

Станува збор за нова маска, што им се придружува на новите исклучително тенки светла, во коишто се користи сменета шема за дневното светло. Секако дека светлата користат матрични диодни светилки, сега вкупно 67 на број по светло. Производителот цени дека светлата изгледаат како кристали. Нова шема имаат и задните светла, коишто воедно создаваат и поинтензивно црвено светло, заради подобра видливост, а во исто време спречуваат заслепување на возачите назад.

Во внатрешноста и натаму владее начелото на редуциран дизајн, во којашто отсега уште повеќе двои новиот заоблен дисплеј од 11,4 инчи. Слично како кај Discovery Sport, дисплејот создава впечаток како да лебди над арматурната табла.

Преправките во конзолата, со поставувањето на дисплејот погоре, отворија повеќе простор за одлагање предмети, како и за безжично полнење телефон. Инфо-забавниот систем Pivi Pro вчитува нов софтвер од податочен облак и стандардно подржува Amazon Alexa.

Џералдин Ингам, директорка на Range Rover, најверно ги опишува промените: „Оригиналниот компактен луксузен Range Rover за градот стана уште попаметен и пософистициран од претходникот. Кабината е редуцирана и релаксирачка, со нови материјали и комбинации од бои што создаваат ненаметлив луксуз. Единствениот интерфејс под заоблено стакло и технологијата за чист воздух им овозможува на клиентите да уживаат во спокојството и смиреноста што е заштитен знак на Range Rover.“

Нов е бирачот за автоматскиот менувач, во минималистички стил што се вклопува во духот на целата кабина. Меѓу бројните новини спаѓа и панорамскиот покрив.

Во комбинација од напредна технологија и нови материјали, Evoque првпат располага со еден од најделотворните системи за пречистување на воздухот во кабината, што Британците го водат како Cabin Air Purification Plus. Меѓу новините во изборот од материјали се Ultrafabrics и Kvadrat, скапи платна со волнен удел, за коишто Range Rover ветува дека нудат посебно чувство при допир. За да се осигура дека новите материјали се издржливи и постојани, беа извршени 60.000 циклуси на абразивни тестови, што одговараат на 10 години интензивно користење – вклучувајќи отпорност на УВ-зраци.

Понудата од моделски изведби на сочинуваат Evoque S, Dynamic SE, Dynamic HSE и ексклузивната Autobiography. Гордост на британската марка во погонските опции е приклучниот хибрид P300e, со можност да се вози до 62 километри чисто на струја, пред да се продолжи со хибриден погон. Предност претставува и можноста да се користи брз полнач – во тој случај, батеријата се полни за 30 минути. Гамата од погонски единици ја комплетираат бензинци и дизели, што се изведени како благ хибрид.

Палетата е збогатена со три нови бои за каросеријата: Arrois Grey, Tribeca Blue и Corinthian Bronze. За покривот може да се избере контрастна варијанта, во црна или бронзена боја. Има и осум нови дизајни за тркалата, со пет нови комбинации од бои и финиш, чијшто пречник досега до 21 инчи, вклучувајќи дијамантски финиш кај Dynamic HSE и Autobiography.

Вообичаено за благородната британска марка, сите промени кај Evoque веќе се објавени и на македонскиот вебсајт на Range Rover (линк)

Претходна објаваKia го продолжи партнерството со FIFA до 2030 година
Следна објаваAlfa Romeo Tonale во возниот парк на карабиниерите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here