Побарувачката на нафта забавува, врвот во 2028 година

Експертите од меѓународната агенција за енергетика (IEA – International Energy Agency) предвидуваат дека светската побарувачка на нафта меѓу 2022 и 2028 година ќе порасне за шест проценти и ќе достигне 105,7 милиони барели дневно.

Аналитичарите посочуваат во нивниот среднорочен извештај за пазарот на нафта, дека авиосообраќајот и петрохемиската индустрија се подрачјата што ќе забележат најголем раст во побарувачката. Директорот на Агенцијата, Фатих Бирол, потврдува дека преоѓањето во чисто енергетско стопанство веќе остава траги. Благодарение на силниот замав на електромобилноста и производството на енергија од обновливи извори, побарувачката за нафта ќе почне да опаѓа веќе во 2028 година, значи долго пред завршетокот на деценијата.

Со преоѓањето на електричен погон и биогорива, транспортниот сектор по 2026 година ќе придонесе најмногу за падот во побарувачката, предвидуваат аналитичарите на IEA. Директорот Бриол во тој контекст напоменува дека производителите на нафта мораат точно да ги следат движењата на пазарот и соодветно да ги приспособат своите инвестиции.

Според процените на експертите на агенцијата за енергетика, инвестициите за откривање нови наоѓалишта на нафта, како и за нивна експлоатација и потоа производство на нафта и гас, годинава ќе достигнат 528 милијарди долари. Тоа е највисока вредност по 2015 година. Аналитичарите ценат дека овие инвестиции ќе бидат доволни да се покрие побарувачката до 2028 година.

Во студијата на IAE се објавува податок дека во почетокот на годинава, во светот се регистрирани вкупно 28 милиони електрични возила. До крајот на 2028 година, нивниот број ќе достигне 155 милиони возила. Тоа ќе доведе до намалување на дневната побарувачка за бензин за 2,3 милиони барели, односно на дизел за 630.000 барели дневно. Повеќе од половината од вкупната продажба на електрични возила ќе отпаѓа на Кина

За да се достигне таканаречената „нето-нула“ цел, кога емисијата на стакленички гасови што се испушта во атмосферата сé уште може да се компензира, неопходни се промени во навиките на потрошувачите, како и дополнителни политички чекори, нагласуваат од Агенцијата.

Претходна објаваDacia Sandero најпродаван модел во Европа во мај
Следна објаваŠkoda има ново звучно лого, инспирација од познато класично дело

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here