Suzuki потпиша договор со јапонскиот производител на летала SkyDrive, за изработка на „летечки автомобили“.
Компаниите ќе користат една од фабриките на групацијата Suzuki во централна Јапонија, за да произведуваат летала со електричен погон, што полетуваат и слетуваат вертикално (eVTOL). Според соооштението од SkyDrive, планот е производството да започне веќе во следната пролет.
SkyDrive ќе основа посебен огранок во целосна сопственост, за да го произведува леталото, додека Suzuki ќе се грижи во производството, вклучувајќи и обезбедување кадар.
Со седиште во градот Тојота во централна Јапонија, SkyDrive ги има како главни акционери трговската куќа Itochu, технолошката фирма NEC и огранок на компанијата за енергетија Eneos Holdings.
Двете компании потпишаа договор лани во март, за заедничко истражување, развој и продажба на летечки автомобили.
https://youtu.be/36tDLW-mFiU
















