Mercedes-Benz eCitan е важна новина на пазарот и тоа станува јасно кога ќе се има предвид дека пазарот на доставни возила бележи голем напредок, благодарение на огромниот раст во е-трговијата. Трошоците за достава се преполовуваат со елеткричниот погон.
Меrcedes‑Benz Vans кажува дека со e-Citan, целосно електричната верзија на Citan, прават уште еден голем придонес за заштитата на животната средина, но реално, на компаниите што ова доставно возило ќе го вкучат во своите возни паркови, многу им е поважно тоа што ќе ги скусат оперативните трошоци.
Погонот на струја не е новина кај вановите на Mercedes-Benz, туку e-Citan е само последниот модел што почнува да вози на струја, по Vito и V-Class, како и Sprinter. Достапни се две должини на каросеријата: 4.498 mm во стандардната и 4.922 mm во долгата изведба – којашто ќе почне да се испорачува подоцна.
Зависно од изведбата, досегот се движи меѓу 280 и 284 километри. Батеријата од 45 kWh на брза DC-станица за полнење (80 kW) со полни до 80 проценти за 38 минути.
Големината и искористливоста на товарниот простор не се менуваат. Во страндардната изведба стои на располагање простор од 2,9 метри кубни и носивост до 544 килограми. Долгата верзија нуди 3,7 метри кубни и 722 kg носивост.
Со електромоторот со максимална моќност од 90 kW, електричниот Citan во Германија чини 36.000 евра во фургонска изведба.
Mercedes-Benz Vans ја искористи пригодата да објави и почеток на продажбата на продолжената верзија на Citan со стандарен погон. Подоцна ќе следи и верзијата Tourer со седум седишта, како и комбинираната изведба Mixto
При возењето може да се избира меѓу три степени на рекуперација, со тоа што во најсилниот степен може да се вози речиси без користење на сопирачката – секако дека тоа годи повеќе за полнењето на батеријата при забавување и запирање. За дополнителна заштеда, односно за подолг досег, може да се доплати за топлинска пумпа за загревање и ладење на кабината.
















