Чистиот и современ дизајн на кокпитот ѝ донесе на Kia Sportage победа во изборот за најдобри ентериери што го организира американскиот Wards Auto. Експертите посебно го ценат широкиот дисплеј, поради квалитетната изработка и лесното ракување.
Kia Sportage е меѓу најдобрите 10 автомобили во познатиот избор на Wards Auto, каде што се оценуваат внатрешноста и ракувањето. Станува збор за изведбата на Sportage што е наменета за американскиот пазар, но главната разлика со европската верзија е во тоа што каросеријата е продолжена за тамошниот пазар. Исто како и верзијата за Европа, Sportage за САД доби освежувања во новата моделска година.
Оцените главно ги одликуваат комфорот и квалитетната изработка, едноставното ракување и средишниот дисплеј.
Експертите на Wards ги донесуваат своите оцени врз бројни параметри, почнувајќи од дизајнот и естетиката, прекју комфорот, материјалите, прецизната и квалитетна изработка. Исто така се оценуваат и функционалноста преку мобилен телефон, онлајн-услугите, инфо-забавните системи, дисплеите и командите, но и напредните системи за асистенција и цената.
„Експертите на Wards секогаш ги бараат ентериерите и пријатните кориснични искуства во возила што имаат разумна цена, а кај Sportage Hybrid не можевме да побараме повеќе,” кажува уредничката и судијка на Wards 10 Best Interiors & UX Judge, Кристи Свајснберг. „Нашето тест возило, со цена од околу 38.000 долари, располага со изобилство од функции што ни се допаднаа, вклучувајќи површини што се меки на допир, впечатлива црвено-црна шема, брзо поврзување со телефон, два заоблени дисплеи од по 12,3 инчи – преку коишто се пренесува пријатна анимација за добредојде – исто како и мултифункционална климатизација и аудио контроли и просторен багажник.“
Дизајнерите на Kia се раководат според правилото на „Opposites United”, варијација на познатото „спротивностите се привлекуваат“. За дизајнот на ентериерот на Kia Sportage, користена е инспирација од квалитетни производи за активности на отворено, од мебел и од модерна архитектура.
Добрите нешта доаѓаат во пар: Електричен Niro и хибриден XCeed во понудата на Kia
















