Франција ќе дава субвенции само за електрични автомобили од Европа

Француската влада бара начини да ги ограничи субвенциите за купување само за нови целосно електрични возила што се произведени во Европа. Тоа го најави претседателот Емануел Макрон, како дел од пакетот субвенции за помош на бизниси што се грижливи кон животната средина.

Електричните возила што се продаваат во Франција уживаат субвенција во висина од 5.000 евра. Ограничувањето е цената да не им надминува 47.000 евра и да не тежат над 2,4 тони. Tesla неодамна ја намали цената за својата лимузина Model 3 и за неговата СУВ-изведба Model Y, за и тие да може да бидат вклучени во субвенционирањето. Тоа поттикна негодување дека француските даночни обврзници ги помагаат странските марки.

Според предлогот што Макрон го изнесе во четвртокот, субвенциите за електрични возила ќе бидат наменети исклучиво за автомобили што се проиозведени со мал СО2-отпечаток. Тоа главно значи дека возилата и нивните батерии треба да бидат произведени со одржлива енергија. Проблем е за кинеските производители на автомобили, коишто неодамна започнаа со офанзива од евтини електрични возила на европскиот пазар, при чиешто производство не се вложува во заштитата на животната средина. Тоа се однесува посебно на марката MG, којашто е дел од кинескиот концерн SAIC.

Електричниот автомобил на буџет-марката на групацијата Renault, Dacia Spring, постигнува одлична продажба на пазарот, а исто така се увезува од Кина.

„Ќе подржуваме батерии и возила што се произведени во Европа, затоа што е добар нивниот СО2-отпечаток; нема да ги користиме парите на француските даночни обврзници за да ја подржуваме индустријата во Европа,“ изјави Макрон, додавајќи дека предлогот не води кон „протекционизам“.

Новите одредби ќе ги погодат главно кинеските производители, како евтината марка MG, којашто своите електрични автомобили ги произведува без да внимава на животната средина

Производителите на автомобили во Европа бараат начини за производството да го обавувааат без емисија на СО2. Истото важи и за нивните добавувачи, од каде што ги добиваат компонентите за вградување во возилата. Напорите се, тоа да се постигне уште пред целта што ЕУ ја постави за целосна неутралност во поглед на емисијата на СО2 до 2050 година.

Владата на Макрон сака да ги зголеми инвестициите во технологија што е чиста за животната средина, за Франција да може да се напреварува со компаниите во САД, коишто добиваат помош од администрацијата на Бајден. Таканаречениот Акт за намалување на инфлацијата (Inflation Reduction Act, IRA) ги помага американските компании со буџет вреден 430 милијарди евра. Во САД се добиваат масивни субвенции за намалување на емисијата на СО2, а посебно за поттикнување на домашното производство.

Француските законодавци во идниот вторник ќе ја добијат на разгледување т.н. сметка за „Green Industry“, за таа да биде вклучена во буџетот за 2024 година. Владата на Макрон очекува дека со тоа ќе се обезбедат инвестиции во висина од 20 милијарди евра и ќе се создадат илјадници работни места.

„Финансиската рамка треба да ни помогне да се натпреваруваме со IRA на Американците.“ порача Макрон, нгласувајќи дека мерките ќе помогнат да се запре долготрајниот индустриски пад на Франција.

Со мерката ќе се покријат 25 до 40 проценти од трошоците на компаниите што вложуваат во ветерни и сончеви електроцентрали, како и во топлински пумпи и во батерии.

Претходна објаваCitroen меѓу водечките на пазарот на електрични возила во Шпанија
Следна објаваЗошто толку ни поцрнеа автомобилите?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here