за

Citroen меѓу водечките на пазарот на електрични возила во Шпанија

Шпанија ги вози лимузините на Citroen на струја, но доставните возила исто така.

Со 1.649 продадени патнички и товарни возила во првите четири месеци, Citroen е втора најпродавана марка на пазарот на возила со електричен и приклучен хибриден погон во земјата.

По првите четири месеци од 2023 година, Citroen прави биланс на продажбата во Шпанија: На француската марка што своите електрични возила ги произведува во Шпанија, отпаѓаат 9,5 проценти од пазарот на патнички и товарни возила со батериски електричен погон во земјата.

Побарувачката е поголема за доставните возила со целосно електричен погон со знакот на Citrоen. Тука марката под логото со впарените запченици постигнува удел од 24,2 проценти. Од јануари до април, на шпанскиот пазар се продадени 834 доставни возила што се движат единствено на струја. Тоа е шестпати повеќе во споредба со истиот период лани.

Вкупната продажба на марката во првите четири месеци достигна 20.127 возила од двете категории, односно патнички и товарни модели. Тоа соодветствува на пазарен удел од 5,6 проценти.

До април, Citroen има продадено 1.251 патничко и товарно возило со батериски електричен погон во Шпанија и со тоа е втора најпродавана марка во овој сегмент во земјата. Во споредба со истиот период лани, постигнат е раст од 177 проценти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Citroën España (@citroenespana)

Citroën ë-C4 од фабриката во Мадрид, со 815 продадени возила за четири месеци и пазарен удел од 5,8 проценти, се избори за титула на најпродаван елеткричен автомобил од домашно производство. Citroen Ami е неприкосновен во категоријата на лесни четирицикли, со пазарен удел од дури 92 проценти.

Главниот носител на продажбата на возила на струја е Citroën ë-Berlingo, исто така од домашно производство. Со 834 продадени возила, електричното Berlingo направило скок од 634% во споредба со лани. Едно од секои четири возила на струја во оваа категорија е e-Berlingo.

Најпродаван модел на Citroën е C4, произведуван во Шпанија, со 3.644 примероци. Со удел од 14,1 проценти, тој е водечки во компакт класата. Од луксузниот C5 X се продадени 554 примероци, што соодветствува на 17 проценти од сегментот. Изведбата со приклучен хибриден погон учествува со една четвртина во продажбата на моделот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW сто години произведува мотоцикли и тоа го покажува

Франција ќе дава субвенции само за електрични автомобили од Европа