Ferrari како компанија вреди повеќе од 50 милијарди долари

Пазарната вредност на Ferrari ја надмина вредноста на Stellantis, моќниот автомобилски концерн што ја вклучува марката Fiat, којашто некогаш го имаше под своја закрила иконскиот производител на спортски автомобили од Маранело.

Ferrari годинава вреди 34 проценти повеќе отколку во минатата година. Спортската марка на берзата котира повисоко од кој било друг производител на автомобили во Европа.

Марката под знакот на „кавалино рампанте“ е меѓу трите најголеми компании на миланската берза, со вредност од 53,9 милијарди евра, односно 49,2 милијарди евра. За споредба, концернот Stellantis, со своите 14 марки, со сите можни услуги за мобилност, и воедно концерн што силно се пробива во ерата на електромобилноста, вреди 51,48 милијарди долари.

Богатата клиентела на Ferrari ги бара сé повеќе луксузните спортски автомобили на марката, иако истите поскапеа значително. Тоа е во спротивност со трендот кај големоволуменските производители на автомобили, на коишто сметката им излегува сé помала, додека се очекува забавување на економијата.

Акциите на Ferrari се споредливи со големите компании за лускузни производи во Европа. Добивката се зголеми за повеќе од 500 проценти, откако марката од Маранело се издвои од Fiat и стартуваше на берзата во 2015 година. Во истиот период, добивката од акции во автомобилските компании во Европа изнесува 50 проценти, вклучувајќи дивиденди.

Семејниот холдинг на Ањели, Exor, уште е најголем инвеститор и во Stellantis и во Ferrari, којшто се издвои од Fiat Chrysler во 2015 година. Пазарната вредност на Ferrari, кога првпат ги понуди акциите на њујоршката берза, во октомври 2015 година, изнесуваше околу 10 милијарди долари.

„Ferrari отсекогаш бил синоним за луксуз, и тоа го потврдува и неколкукратното зголемување на вредноста“, цени Винченџо Лонго, пазарен стратег во IG. „Акциите постојано растеа од година в година, и тој тренд е споредлив со големите имиња во светот на луксузот како што е LVMH (Moet Hennessy Louis Vuitton)”.

Ferrari во минатата година продаде 13.221 возила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Musei Ferrari (@museiferrari)

Претходна објаваНовите Škoda Kodiaq и Superb добро ја издржуваат смрзнувачката во Поларниот Круг
Следна објаваBMW сто години произведува мотоцикли и тоа го покажува

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here