Наесен ќе се случат следните големи премиери во чешката марка, Škoda ги подготвува за старт новите генерации на Kodiaq и Superb.
Во Поларниот Круг се тестираат новите генерации на лимузината Superb и на СУВ-седумседот Kodiaq. На температури до 30 степени под нулата се проверува функционирањето, квалитетот и издржливоста на возилата.
Главното внимание на техничарите сепак е насочено во стабилноста при возењето, во комфорот на патниците при исклучителен студ и општо во издржливоста на возилото при подолги патувања во зимски услови.
Возилата мораат дополнително да го издржат „товарот“ од снегот и мразот. По завршувањето на тестовите во студ, следи завршницата во развојот на новите модели, кога остануваат само најфините зафати. Премиерата на новиот Superb и на втората генерација на Kodiaq се очекува наесен.
Škoda Auto секоја нова генерација на своите модели ја тестира во Поларниот Круг. До најситна поединост се следи како подвозјето, каросеријата, моторот, греењето и целата електрика реагираат при возењето во исклучителен студ.
При тестирањето се следи дали снегот продира во просторот за мотор и во отворите за воздух, и општо како снегот влијае врз каросеријата. Сите механички функции на каросеријата мора да бидат обезбедени и при минус 25 степени, исто и електриката. Моторот мора да стартува непречено до минус 30 степени.
Сите врати, хаубата, задниот поклопец, поклопецот за резервоарот, односно за приклучокот за полнење кај хибридните модели, мора да се отвораат и во екстремни услови
При возењето се проверува како возилото реагира при возење по нагмечен снег, и како се однесуваат предниот и задниот браник при налетување во снежна бариера. Се тестира и колку е отпорна каросеријата ако возилото наседне врз мраз. Истото важи и за подвозјето. Секако дека е важно и системите за асистенција да дејствуваат беспрекорно.
Техничарите ја оценуваат возната динамика, способноста на погонот на сите тркала, комфорот на подвозјето. Во обемната работа спаѓа и функционирањето на менувачот, бришачите, прскалките, светлата. Дури е важно и каков звук создаваат смрзнатите делови од каросеријата.
Батеријата кај хибридните модели се полни при смрзнувачка, а потоа се проверува колкав е досегот. Неколку десетици илјади километри се поминуваат со секое возило.
View this post on Instagram
Во внатрешноста треба да се осигура дека работат греењето, дека е пријатна климатизацијата, дека стаклата не се замаглуваат, односно дека брзо се чистат. Исто и дисплејот на допир мора да биде функционален при смрзнувачка.
















