Нови модели во Мак Аутостар: Луксузот во Mercedes почнува од A

Во Мак Аутостар умеат добро да ги инсценираат премиерите на своите модели. Новата Mercedes-Benz A-Class ја претставуваат во две моделски изведби: Едната е со пакет AMG, другата со нагласок на отменоста, но заедничко и за двете е луксузот.

Нема шанси Mercedes-Benz да се откаже од A-Class. Или обратно, светот да престане да реагира на овој модел, со првата буква во азбуката и со првата буква со којашто почнува моделската понуда на Штутгарт. Сцената погрешно сфати дека Mercedes-Benz ќе се откажува од своите „а-класи“, откако шефот Келениус најави дека концернот ќе се посвети на своите врвни модели и повеќе ќе работи на моделски серии во ограничен број примероци.

A-Class не само што останува, туку со новото моделско годиште добива уште повеќе на луксуз и на „мерцедесот“ во автомобилот. Тоа е впечатокот кога ќе се погледнат двете моделски изведби од „сменетата“ A-Class во салонот на Мак Аутостар. Бела A 180 со пакет(и) AMG и уште бројни додатоци, а покрај неа црна A 180, со отмена внатрешност во кремава боја, со скапа завршница по арматурната табла. Колку и да се разликуваат двете изведби, едно им е заедничко: Луксузот. Тоа е чувство што се стекнува и покрај сите S-Class, AMG SL или G-модели што се изложени во салонот.

Хаубата е преработена и помоќно се спушта надолу, со два гребени по должината и со профил на ајкула. Со тоа оди и нова маска, со ѕвезди, а покрај неа светла со сменет дизајн. Нова е графиката на светлата, со две „еполети“ под светлечката линија што го сочинува дневното светло.

За тркалата може да се избира меѓу четири дизајни и пречник до 19 инчи. Назад има нов дифузор, диодните светла се стандард

Ваквиот изглед е само најава за доживувањето што следи во кабината. Двојниот дисплеј под заедничко стакло е стандард кај новата A-Class. Со доплата се добива и средишен дисплеј од 10,25 инчи, место од 7 инчи. Многу умешност е користена за да се постигне отменото севкупно доживување од светлината, боите, материјалите во кабината. Дизајнерите велат дека тоа личи како да е футуристичка зграда во мрак.

На светот на авијатиката потсетуваат трите тркалезни отвори во средината. Воланот е од новата генерација, стандардно обложен со напа-кожа. Нови моменти има и во средишната конзола.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Automedia.mk (@automedia.mk)

Најмалечкиот, но сé уште Mercedes, сега нуди уште повеќе можности да се стави личен печат. Тоа значи дека речиси нема граници да се исполнат желбите и потребите на клиентите, со соодветна цена.

Седишта со унапреден комфор се добиваат во секоја A-Class, со нови облоги Artico, што ја нагласуваат спортската нота. Во изведбата Progressive, може да се избира меѓу три бои: Црна, кремава и жалфија-сива. Кај неа има и украсен дел по арматурната табла, со изглед на карбон. AMG Line е третата варијанта, кај неа сé е јасно.

Секоја A-Class што излегува од фабрика има најмалку: Задна камера, USB-приклучоци, волан со напа-кожа. Во извдбата Progressive, стандард се диодни предни светла, пакет за паркирање и пакет за ретровизори.

Секако дека Штутгарт ја вградува и најновата верзија на својот MBUX, еден од најнапредните инфо-забавни системи на пазарот. Новина е сензорот што отчитува отпечаток од прст, за стартување на моторот.

Сите мотори во гамата на A-Class користат електромотор, некои помалку, некои повеќе. Моторите се стандардно во комбинација со менувач со двојна спојка со 7 или 8 степени. Место посебен стартер и алтернатор, во новата A-Class се користи единствен стартер-генератор со напон од 48 волти, којшто меко и нечујно – со ремен – го стартува моторот. При поаѓање, мала батерија испорачува енергија, за стартер-генераторот со моќност од 10 kW да му помогне на моторот. Тоа е мошне делотворно за да се заштеди гориво, односно средината да се поштеди од емисија.

Поголеми зафати има кај приклучната хибридна верзија А 250 e. Батеријата е нова (15,6 kWh) и помага да се зголеми досегот при возење на струја. Електромоторот доби 5 kW и сега испорачува 80 kW. Уште една новина е можноста да се полни со најмногу 11 kW, место со 7,4 kW претходно. При користење брз полнач со еднонасочна струја, батеријата се полни со 22 kW. Во тој случај, батеријата се полни до 80% за 25 минути. Досегот се движи меѓу 70 и 81 километар.

Основниот бензинец A 180, во новото моделско годиште троши меѓу 5,8 и 6,4 литри според фабрика.

Промените ја зафатија и лимузинската изведба на A-Class, исто како и AMG-верзиите, со 306, односно 421 КС.

Ценовникот почнува од 37.990 евра за A 180, односно 38.990 евра за лимузинската изведба A 180 Sedan.

Податоците за Mercedes-Benz A-Class во нашиот онлајн каталог

Mercedes-Benz A 180 7G-DCT

Претходна објаваПоследниот Porsche 718 со бензински мотор јури со 500 КС
Следна објаваOpel Corsa е најпродаван автомобил во Германија во април

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here