Петметарското комбе на Lexus почнува во нова генерација

За точно една недела отсега, на 18-ти април, Lexus најавува премиера на новата генерација на својот „Luxury Mover“.

Меѓу големите премиери што се подготвуваат за претстојниот салон на автомобили во Кина, на Ауто Шангај 2023, една сигурно ќе биде голема: Lexus доаѓа со нова генерација на повеќенаменскиот LM. Тоа е модел што малку е познат надвор од азискиот регион и отстапува од претставата што ја има светот за модел на Lexus.

Луксузната марка на Toyota првпат го понуди овој модел во 2019 година. Премиерата исто така беше одржана на салонот во Шангај.

Станува збор за модел што е заснован врз Toyota Alphard, со вообичаениот престижен третман на марката Lexus. Во генерацијата што наскоро ќе биде заменета со нова, извршени се и неколку зафати во каросериската структура, така што не станува збор само за „замена“ на логото.

Јапонската марка не открива детали за возилото, освен фотографија што го прикажува делот околу задниот прозорец. Премиерата е на 18-ти април.

Сцената го прифати предизвикот со невообичаениот Lexus

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ♦️JOKER♠️ (@jokerwrap2020)

 

Претходна објаваНајсилниот Mercedes S-Class вози со 802 КС, а може и на струја
Следна објаваKia во новата фабрика ќе произведува наменски возила за компании и робот-такси

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here