Најсилната S-Class на сите времиња сега располага со 802 КС и се води под ознаката Mercedes-AMG S 63 E PERFORMANCE. Според Штутгарт, лимузината соединува врвни перформанси, исклучителен комфор и можност за речиси нечујно возење при електричен погон.
Моделот со значка E PERFORMANCE го комбинира 4.0 V8-моторот со битурбо натполнење, со хибридна погонска спрега што е посебна за AMG и со најнова изведба на AMG High Performance Batterie (HPB). При електричен режим, досегот е 33 километри.
Системската моќност изнесува 802 КС, вртежниот момент постигнува максимум 1.430 њутнметри. Забрзувањето за 3,3 секунди до темпо сто е стандард, а AMG по посебна желба го поместува брзинското ограничување на 290 km/h.
Одушевува и снабденоста со врвната технологија на Mercedes-Benz: Пневматско подвозје со AMG RIDE CONTROL+, стабилизирање на движењата на каросеријата во свијоци и при запирање AMG ACTIVE RIDE CONTROL и активно управување на задната оска.
Цената во Германија изнесува 208.392,80 евра, меѓутоа купувачите на модели од овој фанг честопати имаат навика да додадат опрема и да нарачаат детали по желба. Во цената влегуваат тркала AMG од 20 инчи, со десет краци, DIGITAL LIGHT со проектирање на информации за возењето директно врз патот, како и целосен арсенал од системи за асистенција, вклучувајќи го Pre Safe Impulse Side, што ја подига каросеријата доколку некој се запне да се судри странично во S-Class.
View this post on Instagram
Амбиентално осветлување, аудиосистем Burmester 3D-Surround со најнапреден
Dolby Atmos, врвна климатизација AIR‑BALANCE, претклиматизација на кабината и средишен OLED-дисплеј во кокпитот дополнително потсетуваат во каков вид лимузина се седи.
Вообичаено за Mercedes-Benz, во почетокот е достапна и ексклузивна серија AMG Edition 1, со алпски-сива боја што е дело на работилницата за посебни нарачки Manufaktur, ковани тркала од 21 инчи со вкрстени краци, како и скапа напа кожа во црна боја, со црвени штепови. Во опремата спаѓа и заштитна церада со натпис „Edition 1“, што пропушта воздух.
Неколку ставки од понудата на дополнителна опрема:
AMG 21-инчни ковани тркала : 3.808,00 евра
AMG Carbon-пакет за надворешност : 5.831,00 евра
AMG Night-Paket: 1.130,50 евра
AMG посебна облога на маската, темна : 535,00 евра
Сончев покрив : 1.939,70 евра
Напа кожени седишта AMG во макијато беж / магма сива комбинација : 416,50 евра
AMG керамички сопирачки (само со тркала од 21 инчи): 8.925,00 евра
AMG Driver’s Package со 290 km/h Vmax: 2.261,00 евра
Производство во ексклузивната Factory 56
Mercedes‑AMG S 63 E PERFORMANCE се произведува во Factory 56 во Зинделфинген, Штутгарт. Тоа е втор AMG-модел од фабриката што беше отворена во 2020 година, по Mercedes-AMG EQS 53 4MATIC+ . Оттука излегуваат сите варијанти на S-Class, како и електричниот EQS. Компанијата произведува во Зинделфинген уште од 1915 година. Фабриката е центар за моделите од високата и луксузната класа на Mercedes-Benz Cars.
















